Кој е вашиот скапоцен камен според месецот на раѓање?
Јули: Рубин
Рубинот претставува искреност, пријателство и штити од болести и несреќи. Има силно црвена боја и на оној кој го носи му подарува многу енергија за извршување на секојдневните активности.
Август: Перидот
Перидот е драг камен кој претставува радост и голема креативност. На оној кој го носи му дава пред сè добро здравје, богатство и среќа. Штити од зло и овозможува успех во работата.
Септември: Сафир
Сафирот е драг камен со темно сина боја кој во секој дом внесува мир, мудрост и вистина. На оној што го носи му подарува сила, концентрација, а во исто време го прави и многу емотивен, особено кон семејството.
Октомври: Опал
Опалот е драг камен кој симболизира пријателство и оптимизам. Се верува дека носи убавина и среќа. Покрај тоа дава надеж и го буди оптимистичкиот дух. Опалот дава храброст и за преземање ризици.
Ноември: Топаз
Топазот означува верност, храброст и почит. На оние кои го носат им подарува добро здравје, верност, како и среќа. Ја стимулира менталната сила и храброста. Одличен е за против уроци.
Декември: Тиркиз
Тиркизот е драг камен кој носи среќа, здравје и мир. На оние кои го носат им носи отвореност, искреност и грижа. Ја подобрува и меморијата. Во куќата внесува мир, спокој и добри меѓучовечки односи.