Кој е вашиот скапоцен камен според месецот на раѓање?
За секој месец во годината карактеристичен е одреден скапоцен камен. Доколку немате одбрано омилен, тогаш може да се одлучите за оној кој најдобро ќе влијае за вашата лична хармонија и добро расположение.
Откријте кој е вашиот скапоцен камен според месецот во кој сте родени.
Јануари: Гранaт
Се верува дека гранатот им носи среќа на оние кои го носат и ги исполнуваат со љубов, а ја буди и сексуалната енергија. Овој камен означува силен дух и позитивни мисли.
Февруари: Аметист
Аметистот е симбол на искреноста, смиреноста и често е знак за талентирани во областа на музиката и сликарството. Се верува дека аметистот штити од уроци. Тој има нежна виолетова боја у во секој простор носи мир и хармонија.
Март: Аквамарин
Аквамарин е драг камен кој носи храброст, мир и здравје. Одамна се верувало дека сите парови би требало да носат аквамарин на прстенот, бидејќи тој ја буди љубовта и страста.
Април: Дијамант
Дијамантот е најскапоцениот и најтврдиот камен во природата. На оние кои го носат им носи верност, љубов, чистота и невиност, ги полни со енергија и поттикнува остварување на целите.
Мај: Смарагд
Оние кои носат смарагд се мирољубиви, романтични и грижливи. Самиот камен значи љубов и ако го држите до себе ќе ве исполни со љубов и почит. Партнерот постојано ќе го опсипувате со нежност. Покрај тоа ја зголемува сензуалност и ја буди сексуалната енергија.
Јуни: Бисер
За овој драг камен многумина веруваат дека поседува магична моќ. На оној што го носи им предизвикува искреност, чистина, добра смисла за хумор, но и интелигенција. Освен тоа означува отвореност, љубезност и богатство.
Уште 6 драги камења според месецот на следната страница....