13 начини на кои несвесно ја уништувате облеката
7. Внимавајте и како ги редите градниците во фиока, ако сакате подолго да ви траат. Одвојте посебна фиока за нив и убаво наредете ги.
8. Бикините, исто така не ги ставајте во машина за перење, туку исперете ги на раце и исушете ги завиткани во пешкир.
9. Маичките кои ви стојат лежерно не треба да имаат линии од пеглањето, затоа секогаш ставајте ги на закачалка да се исушат самостојно, во топла бања или со фен.
10. Чевлите и сандалите за да не ви се уништат, изгребат, извиткаат, не ги ставајте на куп туку на посебни сталажи или во шкафче.
11. Пред да ги ставите фармерките во машина за перење, закопчајте им го патентот и свртете ги наопаку.
12. Ако не сакате да ги перете темните фармерки за да не ја изгубат бојата, ставете ги во пластична кеса, па во замрзнувач. Така ќе бидат убиени бактериите и без да ги перете, освен ако немате масни дамки.
13. Малата црна чанта за да не ви се превитка во неа ставете бела памучна маица која ќе го одржи волуменот, а потоа ставете ја во заштитна торба.