Зошто се ежиме и ни се стврднуваат брадавиците на ладно?

Сте се запрашале ли некогаш зошто кога е студено ви се ежи кожата, или зошто брадавиците ви се стврднуваат? Кога е студено влакненцата први реагираат и телото се наежува.

zosto-se-ezime-i-ni-se-stvrdnuvaat-bradavicite-01

Но, постојат уште некои реакции во организмот кои настануваат поради студенилото кое се чувствува.

Ежење

Се наеживте? Веројатно ви е студено или во прашање е некоја интензивна емоција. Оваа појава настанува при контракција на минијатурните мускули кои се наоѓаат во коренот на секое влакно на телото. Така влакненцата се подигнуваат, а на кожата се забележуваат мали израстоци. Кај повеќето цицачи ова е одбранбен механизам. Ежењето е всушност физиолошки одговор на студениот воздух или на интензивната емоција, како стравот. Адреналинот е исто така еден од предизвикувачите на ваквата состојба.


Цврсти брадавици

И жените и мажите може да почувствуваат ваква реакција на студенило. Сепак, знае да биде незгодно кога жените носат бикини без постава или маица без градник. До оваа реакција доаѓа со стегање на мускулите во моменти на студенило. Брадавиците се еден од најчувствителните делови на телото и мажите и жените реагираат на стимулации. Покрај тоа, брадавиците стојат исправено кога е во прашање реакција на студенило, доење или сексуално возбудување, а тоа предизвикува ослободување на хормонот окситоцин кој предизвикува ежење.


Ретенција на тестисите

Во текот на студените денови како реакција на ниските температури, вашето тело може да изреагира прилично чудно. Во овој случај тестисите може да се повлечат речиси до препоните.

zosto-se-ezime-i-ni-se-stvrdnuvaat-bradavicite-1.jpg

Мажите зимно време сакаат повеќе секс

Според истражувањата, ниските температури поттикнуваат сексуалност и желба за зближување, особено кај мажите.


На жените им е постудено, отколку на мажите

Жените се секогаш потопли од мажите гледано според телото, но, рацете кај жените секогаш се значително постудени отколку кај мажите.


Опстанок при екстремна хипотермија

Постојат случаи на преживување во екстремни услови на ниски температури, кога телото премрзнува. Една скијачка била потопена скоро 80 минути во мраз и иако температурата ѝ паднала на околу 13 степени, успеала да преживее.

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg