После ова веќе никогаш нема да влезете дома со чевли
Денес ретко кој ќе ве натера да се соблечете пред да влезете дома, а оние домаќини кои ќе ве натераат, веројатно ги сметате за чудни. Сепак, тие се во право.
Еве зошто би требало да не се двоумите и да ги соблечете чевлите пред влезната врата:
Бактерии
На обувките носите безброј бактерии, односно околу 420.000 различни видови, вклучувајќи ја и Ешерихија коли, бактерии кои предизвикуваат диареја и менингитис.
Отрови
Едно истражување открило дека со обувките внесуваме разни отрови помеѓу кои се наоѓаат и штетни пестициди. Покрај тоа, се тврди дека 98% од оловната прашина во домот која е штетна доаѓа преку обувките.
Ѓубре
Покрај бактериите и отровите, на обувките сигурно имате кал, прашина и ѓубре собрано од улиците. Тоа автоматски значи дека ќе поминете повеќе време во чистење.
Стапалата сакаат да се слободни
Колку и да се удобни чевлите кои ги носите, сигурно имаат некој недостаток кој не го забележувате. Затоа, ослободете ги нозете.