Мојата пријателка, мојата сродна душа!
Кога ќе го слушнете зборот сродна душа веднаш ве асоцира на љубов помеѓу момче и девојка, отфрлајќи секој друг вид на врска, но добрата пријателка е секогаш исклучок.
Еве зошто вашата пријателка е ваша сродна душа која заслужува да и го кажувате тоа секој ден.
Таа е дел од твоето семејство
Се сеќаваш на сите оние пижама забави во твојата соба во која сте спиеле заедно? Да не споменуваме дека твоите родители ја гледаат како втора ќерка, која ја сакаат исто колку што те сакаат тебе.
Ги знае сите твои омилени работи
Знае да те изненади со твоето омилено чоколадо, омилен парфем, или пак омилена песна бидејќи едноствано те познава повеќе од што се познава самата себеси.
Те видела во најлошо издание и сè уште останала покрај тебе
Пијана, изнервирана, огорчена, лута, но сепак повторно расплакана на нејзината прегратка за која биди сигурна дека секогаш ќе биде тука да ти ја даде без размислување во тешките моменти.
Твоето милениче ја обожава
За разлика од останатите пријатели, или роднини кои му се приближиле на твоето милениче, тоа сепак ја обожава неа најмногу бидејќи знае дека ја обожаваш и ти.
Секогаш се сложувате околу плановите кои планирате да ги остварите заедно
Нема расправии околу жанр на филм, одбирање на ноќен клуб, пица со печурки или без, Милка или Тоблероне, секогаш се прави компромис кога станува збор за заеднички активности или планови кои планирате да ги остварите заедно како што е на пример летувањето во вашата омилена земја.
Таа се смее на твоите шеги
Дури и кога се глупави и немаат смисла!
Твојата облека е нејзина облека и обратно
Нема мое - твое, сè е наше, тоа е вашето мото бидејќи делите облека без никаков проблем, да не споменуваме високи потпетици, хулахопки, шминки, парфеми, симпатии...
Таа е сестрата која си ја посакувала отсекогаш!
Понекогаш не е потребно да си крвно поврзан со некоја личност за да ја сакаш како сестра, а твојата љубов кон неа е доказ за тоа, ете затоа твојата пријателка е твојата сродна душа!