10 личности од кои мора да се ослободите до Нова година
Новата година се ближи, а со тоа расте и листата на работи кои треба да ги направите во следната 2015-та.
Ако сте во постојана потрага по подобро утре, добро би било преостанатите денови да ги искористите разумно, односно да се ослободите од личностите кои ве спречуваат да ја доживеете среќата која со месеци, па и години ја посакувате.
Без овие 10 личности следната година дефинитивно ќе ви тргне на добро:
1. Луѓе заради кои постојано сте под стрес
Ако сте опкружени со луѓе кои го будат само најлошото во вас, време е да се освестите. Послушајте го вашиот ум и ослободете се од овие врски затоа што животот е доволно стресен и без пријатели и колеги кои упорно сакаат да ве малтретираат.
2. Луѓето кои ве искористуваат
Факт е дека сите односи се темелат на взаемно примање и давање, затоа што е нормално да постои некаков реципроцитет. Но, штом почувствувате дека сте буквално заглавени со личност која ви ги цица енергијата, времето и љубовта, па можеби и парите, време е да си заминете без да се завртите.
3. Секој кој не ве почитува
Ако во вашиот живот имате барем една личност која обожава да ве понижува и омаловажува, време е да стекнете поголема самопочит. Никогаш не дозволувајте другите да се поважни од самите вие.
4. Оние кои ве повредуваат
Ако секојдневно се соочувате со луѓе кои ве повредуваат, а не се во состојба да се исконтролираат, искрено да се покајат и променат, тоа навистина нема смисла.
5. Лажговци
Сите од време на време кажуваме по некоја ситна лага, со намера да не повредиме некој. Но, не е исто дали некој ќе ви скрие дека изгледате дебело во фустанот или ќе ве лаже во очи за клучни животни прашања.
6. Превртливи луѓе
Сигурно имате барем една личност која во ваше присуство е насмеана, фина и прекрасна, но штом се свртите, започнува да ве озборува. Немате? Не веруваме, сигурно само е добро скриена. Затоа пред крајот на оваа година добро проучете ги сите „пријатели.“
7. Лажни пријатели
Тоа се оние луѓе со кои ви е прекрасно да се дружите, сакате кога им помагате, но штом вас нешто ви затреба - нив ги нема. Не ви требаат личности на кои им служите како потпора, а тие се лизгав терен кога се работи за вашите проблеми.
8. Луѓе кои ве влечат кон минатото
Ако некој упорно се обидува да ве врати на старото, посебно на потценувачки начин, мора да најдете начин да ја прекинете таа комуникација. Не само што не морате, туку не смеете да ги имате истите интереси, ниту пороци како кога бевте во средно, затоа ослободете се од сè што ве потсетува на нив.
9. Оние кои постојано ве кочат
Ако со кој било низ животот имавте многу заеднички интереси, планови, цели и идеи, а сега работите драстично се променија, можеби треба да размислите за иднината на тој однос. Природно е како личности да се менуваме, па затоа и да ги промениме пријателите кои не ни дозволуваат да напредуваме.
10. Луѓето со кои само си го губите времето
Во животот е важно она што го правите, но и со кого го правите. Не е поентата да имате огромен круг на површни пријатели со кои ќе одите на кафе и пиво, туку да ги сочувате оние ретките кои вредат злато. Затоа, паметно селектирајте до крајот на годинава!