Евтин и корисен: За што сѐ е добар вазелинот?

Вазелинот е производ кој често се потценува иако овој евтин и едноставен гел може многу да направи за секој од нас.

evtin-i-ednostaven-za-sto-se-e-dobar-vazelinot-1

Тој е основа на многу скапи креми, но дали воопшто знаете за што сѐ вазелинот можете да го употребувате?

Погледнете за што може да ви се најде токму вазелинот:

Полни усни

Вазелинот е еден од најдобрите средства за хидратација, па слободно можете да го користите како балсам за усни. Вашите усни ќе бидат негувани, хидрирани и сензуални.


Прекрасни долги трепки

Ако сакате вашите трепки да бидат долги и негувани, искористете една стара, претходно исчистена четка за маскара и намачкајте ги трепките со тенок слој на вазелин. Постапката повторувајте ја неколку дена по ред, а промената ќе ја забележите веднаш.


За отстранување на шминка

Доколку имате чувствителна кожа и реагирате на препаратите за отстранување на шминка, тогаш вазелинот е совршен за вас. Тој не само што нема да предизвика никаква реакција на вашата кожа, туку и ќе ја отстрани сета шминка за кратко време.


После депилација

Кожата после депилација е црвена и иритирана, па затоа тој дел намачкајте го со вазелин и црвенилото ќе исчезне за брзо.


Испукани врвови

Ако косата ви е подготвена за шишање, а вие ја пуштате и не сакате да ја кратите, тогаш употребете вазелин. Намачкајте ги краевите со малку вазелин и привидно ќе ги прекриете испуканите краеви и ќе го одложите шишањето.


Ставање обетки

Ако понекогаш ставањето и вадењето на обетки ви предизвикува болка, намачкајте ги дупчињата со малку вазелин и болката ќе исчезне.


За што уште се користи вазелинот?

Вазелинот го спречува оштетување на кожата предизвикано од влијанието на ветрот, ги спречува кожните алергии, намалува грозниците, хемороидите, се користи како интимен лубрикант. Со него лесно ќе ја отстраните гумата за џвакање од косата, ќе го извадите заглавениот прстен, а ако сте алергични на полен намачкајте малку вазелин на ноздрите, со што ќе го спречите вдишувањето. 

Би можело да ве интересира:

6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg