Успехот те прави подобар, но неуспехот ќе те направи најдобар!

Некои ќе се запрашаат како е можно неуспехот да ве прави подобри од успехот, но доколку се подзамислат ќе сфатат за што станува збор.

uspehot-te-pravi-podobar-no-neuspehot-ke-te-napravi-najdobar-1

Доколку сè уште не сфаќате во прилог е продолжение кое ќе ви објасни поопширно:

- Кога си среќен, не се обидуваш да бидеш посреќен, но кога си тажен, се обидуваш да се развеселиш. Со тоа ја учиш тајната на твојата среќа со која можеш да се развеселиш во секое време.

- Кога ги поседуваш големите работи, не внимаваш на ситниците, но кога ќе ги снема ситниците сфаќаш дека големите работи биле составени од нив. Тогаш учиш дека деталите се најважни.

- Кога имаш сè или си мислиш дека имаш сè, не правиш ништо за да ги достигнеш своите соништа, но кога немаш ништо или имаш неостварени цели, ти се трудиш секој ден да ги оствариш. Така ги осознаваш своите граници и можности за кои сфаќаш дека се бесконечни.

- Кога имаш љубов или мислиш дека имаш љубов, не се трудиш да ја задржиш, но кога ја немаш, ја посакуваш и знаеш како би ја зачувал и продолжил кога ќе ја имаш во своја прегратка. Тогаш сфаќаш дека таа е причината за твоето постоење која не треба да ја земаш здраво за готово.

- Кога се наоѓаш на седмо небо се чувствуваш добро и сакаш да останеш таму не размислувајќи дали постои осмо небо кое сакаш да го достигнеш, но кога еднаш ќе паднеш на земја и ќе го дофатиш неуспехот за рака кој ќе те крене, тогаш ќе сфатиш зошто тој те прави најдобар, за разлика од успехот кој те прави само подобар од претходно!

Ете затоа успехот те прави подобар, но неуспехот те прави најдобар!

uspehot-te-pravi-podobar-no-neuspehot-ke-te-napravi-najdobar-2

Кое е вашето мислење околу оваа тема?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg