Фантастични работи кои ве очекуваат во 30-те
При крајот на 20-те години сите се соочуваат со страв дека полека, но сигурно стареат, па стануваат мрзеливи, анксиозни, безволни...
Но, што ако ви кажеме дека 30-те се новите 20-ти? Колку од вас ќе се утешат и насмевнат во истиов момент?
Ако и понатаму не верувате, еве неколку научно докажани убави работи кои дефинитивно ќе ви се случат во 30-те:
Крајот на една и почетокот на друга декада означува големи животни промени
Животните промени се случуваат на прагот на 30-те и тоа е научно докажано. Не е ништо чудно ако токму тогаш ја промените работата, се преселите или стапите во брак. На крајот на 30-те сите имаат желба мирно да застанат, да се погледнат како успешна личност и мирно да ги дочекаат 40-те.
Одличен секс
Докажано е дека како што стареете, сексот станува подобар. Неодамнешни истражувања дури и покажаа дека голем дел од жените првиот оргазам го доживеале во 30-те. Во секој случај, и мажите и жените се поопуштени и посигурни во себе, заради што следува огромно задоволство.
Големи чекори во кариерата
По 20-те, кои обично се исполнети со учење и надоградување, во 30-те луѓето стануваат многу постабилни и посигурни во она што го прават, што понатаму им овозможува да преземат големи чекори и да дојдат до големи успеси. Огромните промени, позитивни секако, очекувајте ги во втората половина од 30-те.
Прифаќање на самите себе
Секој се развива во пубертетот сè до средината на 20-те години, а тогаш овој процес полека забавува. Секако дека човекот созрева и во 30-те, но способноста да се прифати онаков каков што е, е многу поразвиена. Затоа сите недостатоци и маани конечно ќе си ги прифатите во 30-те.
После дождот доаѓа сонце
Личноста која се приближува кон 30-те години може да западне во моментална депресија и да се почувствува веќе старо. Но, како што многу истражувања покажале, таа депресија исчезнува со самото полнење на 30-ката и полека се претвора во среќа. По целиот тој стрес за завршување на третата декада од животот, луѓето стануваат многу посреќни, позадоволни и помирни со себе и со другите.