8 луди изјави од свекрвите до снаите: Нека оди на момачко, може ќе запознае нова девојка
Мислите дека не се сложувате добро со семејството на вашиот дечко или сопруг? Мислите дека неговите роднини се ужасни? Тешете се дека може многу полошо.
Ако ги прашате жените кои ја имаат улогата на снаа, која е најлошата работа која ја слушнале од свекрвата, еве што ќе ви одоговорат:
1. „Знам дека чекате деца, но ти веќе остаре! Инаку, немам ни 35 години.“
2. „Бившата свекрва 3 години ме викаше со името на бившата жена на мојот сопруг!“
3. „Ја украде поканата за нашата венчавка и им ја прати на своите пријатели. Сакавме интимна, мала венчавка, но на крајот имавме свадба со пијани гости кои не ги познаваме.“
4. „Свекрвата: Зарем не се балерините прекрасни?
Јас: Да, се.
Свекрвата: Дали ти некогаш си се занимавала со балет?
Јас: Не, за жал.
Свекрвата: Нормално, види се. Тие се грижат за своето тело.“
5. „Кога мојот вереник им кажа на родителите дека ќе се венчаме и дека навистина ме сака, неговата мајка шокирано праша: Ја сакаш повеќе од Еми? Јас ја сакав Еми. Ми недостасува.“
6. „Јас: Не сакам фудбал.
Свекрвата: Па, добро, само интелигентните луѓе сакаат фудбал.“
7. „Првата работа што ми ја кажа мојата свекрва кога ме запозна беше дека не може да верува како син и ме донел дома, затоа што обично излегувал со згодни жени.“
8. „Мојата свекрва го советуваше мојот сега веќе бивши сопруг пред мене да оди на момачка вечер. Кога реков дека е веќе оженет, таа рече: Нема врска, треба да оди, може ќе запознае некоја нова. Ја мразам таа жена!“