11 животни правила за мрзеливите

Мрзеливите луѓе се посебен тип на личности чии особини барем еднаш во животот ги имаме почувствувано на своја кожа.

11-pravila-za-mrzelivite-2

Да бидеш мрзелив не значи да не се интересираш за она што се случува околу тебе, туку значи дека мрзеливите се доволно мудри своите обврски да ги извршуваат на најлесен начин без тоа да одземе голем дел од нивното скапоцено време.

Ова се тие неколку правила кои мрзеливите мора да ги почитуваат за да го достигнат врвот на нивната мрзеливост и да уживаат во неа максимално.

1. Ако ви се истури вода на подот, или некоја друга површина, не бришете ја бидејќи таа ќе се исуши сама, ништо страшно!

2. Наместо да ги диплите алиштата постојано во вашиот ормар, оставајте ги на една столица која ќе ви биде отворен плакар каде ќе може полесно да се справите со купот на алишта.

3. Доколку не сте во состојба да се дотерувате во фармерки или панталони, излегувајте во своите омилени тренерки не грижејќи се за мислењето на околината.

4. Валканите чинии и прибор за јадење ставајте ги во машината за садови сè додека истата не се пополни целосно, а во меѓувреме користете ги оние што останале чисти.

5. Прашината на мебелот или телевизорот не бришете ја сè додека не може да го испишете своето име на неа, а истата може да ви послужи и како телефонски именик кога тој не ви е при рака.

6. Креветот не суредувајте го секое утро, бидејќи и онака истиот го растурате секоја вечер.

7. Купувајте повеќе пара чорапи само во една боја за да не се мачите во нивното соединување после перењето.

8. Доколку ве мрзи да пречекувате ненајавени гости, на вратата поставете натпис со кој кажувате дека моментално не сте дома, но ќе се вратите за пет минути.

9. Кога ќе завршите со читање на книга, едноставно завиткајте го работ на страницата наместо да го запомнувате бројот до кој сте застанале.

10. Кога момчето/девојката ве задржува на телефон, а вас ве мрзи да зборувате, спуштете ја слушалката со изговор од типот дека ви се спие, наместо некој друг изговор кој е краткорочен.

11. Тоа што може да го направите денес, оставете го за утре!

Се согласувате, мрзеливи?

Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg