Необични начини како да ги искористите обичните предмети во домот
Сол
- Темелно измијте го зелениот лиснат зеленчук во вода со малку сол ако сакате да ги отстраните сите нечистотии.
- За да спречите заледување на прозорите, пребришете ги со вода во која сте додале сол.
- Исчистете ја масната тава така што пред перењето во неа ќе ставите малку сол. Таа ќе ја впие маснотијата, а потоа миењето ќе биде полесно.
- Исчистете ја пеглата така што на хартија ќе ставите неколку лажици сол. Потоа неколку пати „испеглајте ја солта“ со загреана рерна и нечистотијата ќе исчезне.
Мрсна хартија за печење
- Истријте ги чешмите со мрсна хартија и за неколку секунди повторно ќе блеснат.
- Ако случајно ја натопивте омилената книга или важните документи, помеѓу листовите ставете мрсна хартија и причекајте неколку часа. Книгата ќе биде како нова, а важните документи спасени.
Лак за нокти
- Накитот никогаш нема да поцрни ако го заштитите со безбоен лак.
- Ако краевите на сушарата се остри и често ја уништуваат облеката, премачкајте ги со подебел слој лак за нокти.
- Искинатите хулахопки кои не сте ги забележале на време секогаш можете да ги спасите со една капка лак на почетокот и крајот од рецката.
Филтери за кафе
- Исчистете ги огледалата, прозорите и исполирајте ги чашите. Ќе бидете воодушевени од резултатите.
- Ставете ги на дното на саксијата за да го спречите излегувањето на земјата.
- Кога ќе отворите вино, на флашата ставете филтер наместо да врзувате крпа или салветка. Филтерот ќе ја впие секоја капка црвено вино која не сакате да заврши на чаршавот.
Фен за коса
- Отстранете ги остатоците од мрсни боички или свеќи, така што ќе ги стопите со топол воздух. Потоа едноставно отстранете ги со сунѓерче.
- Ако старите слики се залепиле една за друга, загрејте ги со фен. Потоа нежно одвојте ги без да ги оштетите.