Необични начини како да ги искористите обичните предмети во домот
Секој дом е преполн со работи кои можеби никогаш немаше да ви текне дека имаат повеќе од една намена.
Овие 28 необични идеи се токму такви, а веруваме дека до сега никогаш не ви паднале на ум:
Крема за раце
- Ослободете се од електрицитетот на облеката така што со намачкани раце ќе преминете преку џемперот или блузата која ви создава електрицитет.
- Исполирајте ги кожните обувки.
- Ако имате проблем со наелектризирана коса, земете малку крема, намачкајте ги рацете, па нешто поминете низ косата.
- Искористете ја наместо пена за бричење. Кожата на нозете ќе ви остане нежна и хидрирана.
Креда
- Отстранете ги сите масни флеки така што ќе изрендате малку креда врз нив, а потоа ќе ги исперете на вообичаен начин.
- Ако клучот често ви се заглавува во бравата, протријте го со креда. Вратата ќе се отклучува како подмачкана.
- Скријте ги пукнатините во ѕидот така што ќе ги премачкате со креда.
- Спречете го појавувањето на мравки така што рабовите низ домот ќе ги обележите со креда. Таа содржи калциум карбонат кој мравките не го поднесуваат.
Селотејп
- Отстранете ги влакната и прашината од облеката.
- Ако цревото од правосмукалката ви се искине, залепете го со селотејп. Не изгледа многу убаво, но ќе послужи додека не купите ново.
Паста за заби
- Исчистите ги трагите од боички така што врз нив ќе нанесете бела паста за заби, нежно ќе истриете со мека крпа и ќе измиете со млака вода.
- Неутрализирајте го непријатниот мирис од рацете (ако сте чистеле риба или лук) така што ќе ги измиете со паста наместо со сапун.
- Избелете ги патиките со паста, наместо со прашок или средство за избелување.
Кујнски ластичиња
- На дршката на лизгавиот алат секогаш можете да наредите и замотате повеќе ластичиња за да не ви избега од рака.
Уште 14 трикови на следната страна...