Чудни суеверија: Зошто да поплукате и да се поместите од место?
10. Ако ви свири едното уво, треба да прашате некој друг да го погоди. Ако е точното, другиот ќе слушне убави вести. Ако не го погоди, тогаш вие ќе слушнете убава вест.
11. Не го фрлајте ѓубрето навечер, бидејќи си ги фрлате парите.
12. Ако слушнете нешто лошо, поплукајте си во вратот и поместете се од место за да не ви се случи истото.
13. Ако сте останале некаде долго на гости, не излегувајте на полноќ може нешто да ви се случи, бидејќи тогаш излегуваат лошите самовили.
14. Не ја оставајте чантата на под, нема да имате пари.
15. Ако ви се истури пијалак, му се пиело на некој починат близок.
16. Прекрстете ги палецот и средниот прст за да не ве откријат кога лажете.
17. Чукнете во дрво кога слушате нешто лошо за да ги избркате лошите духови, да не ви се случи и вас.
18. Фрлете си сол преку рамото за да ја залажете несреќата да не дојде по вас.
19. Шутнете чаша вода пред да тргнете прв ден на работа, училиште, факултет за да ви оди со лесно работата или учењето.
20. Внимавајте да не скршите огледало - ќе ве следи 7 години несреќа.
Знаете уште некое суеверие?