Чудни суеверија: Зошто да поплукате и да се поместите од место?
Познати се многу суеверија во кои народот лесно верува. Некои тоа го слушаат од постарите, некои затоа што другите така велат, трети и воопшто не знаат зошто нешто прават, но им преминува во навика.
Многу од суеверијата имаат дури и нелогични објаснувања, но сепак се практикуваат.
1. На новородено бебе му се оставаат пари до главата за да си купи братче или сестричка.
2. Се зашива црвен конец од внатрешна страна ан облеката за да ен ве фаќаат уроци.
3. На бебето му се облекува нешто наопаку за да не го однесат самовилите.
4. Не треба да ги броите ѕвездите на небото, бидејќи може да ви излезат брадавици по целото тело.
5. На деновите обележани со црвена боја во правослвно календарче не смеете ништо да работите, може да ви се случи некоја несреќа.
6. Верувањето за да не се превртува лебот наопаку се врзува со симболиката на телото на Исус.
7. Ако јадете трошки леб од масата, ќе имате многу пари.
8. Немажена девојка треба да го јаде крајчето од лебот за да ја сака свекрвата.
9. Ако ви трепери окото значи дека некој сака да ве види.
Уште 10 суеверија на следната страница...