10 Најглупави забрани кои земјите низ светот ги воведувале

Ако планирате некого да му удрите шлаканица со мртва јагула во Дорсет и при тоа да патувате низ времето во Кина, а сето тоа додека ги озборувате соседите во Колумбија, тогаш имаме лоши вести за вас.

10-najglupavi-zakoni-koi-postojat-1-

Бизарни или не, сепак овие забрани важеле во некои земји, колку тоа и да ви звучи неверојатно.

Погледнете ги 10-те најглупави забрани:

1. Забрана за удирање шлаканици со мртва јагула

На жителите на градот Дорсет, кој се наоѓа во јужната област на Англија, не им е повеќе дозволено да си удираат шлаканици едни на други со мртви јагули. Иако звучи глупаво, сепак шлаканиците со јагули во овој град имаат своја традиција позната под името „conger-cuddling”.

10-najglupavi-zakoni-koi-postojat-2

Во 2006 година борците за правата на животни победиле и ставиле крај на игрите, со кои луѓето си удирале шлаканици со јагули, бидејќи така тие покажувале непочитување кон мртвите животни.


2. Грција ги забранила сите видео игри

Во 2002 година владата на Грција одлучила да стави крај на проблемот со коцкањето. Логичен потег би бил да ги забранат покер апаратите, слот машините, но не и единствениот електронски уред со кој луѓето се забавуваат. Па така се довело до забрана на какви било видеоигри, на кое било место и во кое било време.

10-najglupavi-zakoni-koi-postojat-3

Секако забраната не поминала добро кај жителите на Грција, бидејќи таа била толку глупава што дури и некој да играл тетрис ќе морал да плати голема казна. Веднаш откако законот бил прифатен, Европскиот суд за правда испратил писмо до Грција, објаснувајќи им дека законот е идиотски. За среќа на гејмерите, Грција попуштила.


3. Забрането умирање

Лоши вести за жителите на Фалчано дел Масико, Италија: Повеќе нема место на гробиштата, така што ќе мора да умирате на друго место.

10-najglupavi-zakoni-koi-postojat-4

За да ја реши ситуацијата на преполните гробишта, градоначалникот во правилникот од март 2012 ја издал следнава забрана: „Забраната стапува на сила од овој миг, за сите граѓани кои живеат на територијата од општина Фалчано дел Масико и сите оние кои поминуваат низ оваа територија, забрането е да ја преминат границата од земјениот живот и да одат во задгробниот живот”.


4. Забрането плукање

Во 2009 година целиот свет беше во паника и страв поради епидемијата од свинскиот грип. Во обид да го запре ширењето на вирусот, во Колаинес Франција, тогашниот градоначалник го забранил плукањето, но не само во јавност.

10-najglupavi-zakoni-koi-postojat-5

Фудбалерите не смееле да плукаат и кашлаат по теренот и тој предложил дека плукањето треба да се третира како фаул: „Еден инцидент со плукање треба да се казни со жолт картон, а следниот со црвен”.


5. Кина забранила патување низ времето

Кина е позната по своите цензури, но како и секоја комунистичка држава, тие најмногу се ограничени во медиумите. Но, овојпат Кина отишла чекор подалеку со тоа што забранила патување низ времето!

10-najglupavi-zakoni-koi-postojat-6

Особено интересно е што барањето начин за патување низ времето не е забранет, туку само концептот. Бирото кое е одговорно за оваа забрана објаснува дека овој концепт може да се види во многу филмови, а бидејќи не е реален создава непочитување кон историјата.


6. Забрана за озборување

Во еден мал град во Колумбија, озборувањето било прогласено за криминален чин. Скоро 8 луѓе служеле казна затвор заради озборување на своите сограѓани.

10-najglupavi-zakoni-koi-postojat-7

Потенцијално, озборувањето би можело да го загрози животот на личноста која е тема на озборување, па токму затоа сега казната достигнува до 4 години затвор.


7. Русија забранила емо облека

Како и секој родител, мајка Русија едноставно не може да ја разбере денешната младина. Со надеж да го пронајде виновникот за високата стапка на самоубиства и депресија, Русија одлучила тоа да биде емо начинот на облекување. Зошто инаку луѓето би се убивале?

10-najglupavi-zakoni-koi-postojat-8

Наречен „опасност за националната стабилност”, Русија вовела закон со кој ја забранува емо облеката и таквите луѓе не смеат да влезат во јавни училишта, ниту во владини згради.


8. Австралија забранила порно во кое жените имаат мали гради

Ако сакате да бидете порно ѕвезда во Австралија, мора да имате големи гради, барем според новиот закон од 2010 година. Причината за оваа забрана е акцијата на групата под името „Kids Free 2B Kids”. Бидејќи тие тврдат дека малите гради ја поттикнуваат педофилијата. Полнолетните жени со мали гради во Австралија се сметаат за деца...

10-najglupavi-zakoni-koi-postojat-9

Овој закон сам по себе е глупав, а уште поглупава е последица која довела до пораст на бројот на пластични операции за зголемување на градите.


9. Градот Инглис го забранил Сатаната

Сатаната повеќе не може да оди на годишен одмор во Флорида и нејзиниот мал град Инглис. Во 2001 година, градот од 1.400 жители го забранил доаѓањето на Сатаната, благодарение на тогашниот градоначалник.

10-najglupavi-zakoni-koi-postojat-1


10. Кина ја преземала контролата над реинкарнацијата

За тибетските будисти, реинкарнацијата е голема работа, со оглед на тоа дека целиот живот го поминуваат правејќи добри работи, за кармата да ги награди во наредниот живот. Па така, во септември во 2007 година Кина ја забранила реинкарнацијата без претходно одобрение од владата.

10-najglupavi-zakoni-koi-postojat-10

Зошто кинеската влада донела ваков глупав закон кој контролира реинкарнација? Одговорот лежи во овој човек: Далај Лама.

Далај Лама изјавил дека одбива повторно да се роди сѐ додека Тибет е под кинеската контрола. Тоа е така бидејќи тој не ја контролира реинкарнацијата, туку владата на Кина.

Би можело да ве интересира:

Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg