Постојат 9 видови интелигенција: Која од нив е вашиот адут?
5. Телесно - кинестетичка интелигенција
Застапена е кај лицата кои се изразуваат себе и своите способности користејќи го телото. Се работи за луѓе кои уживаат во физичките активности, лесно ги учат и совладуваат физичките предизвици. Тие се успешни спортисти, имаат добра координација на движењата, елегантно танцуваат и знаат да изведуваат магионичарски трикови.
6. Интерперсонална интелигенција
Интерперсоналната интелигенција е изразена кај луѓето кои лесно запознаваат луѓе и склопуваат пријателства, уживаат да го анализираат говорот на телото и добро ги организираат заедничките активности. Често се грижат за тоа што е правилно, а што погрешно, па сакаат да се грижат и за туѓите чувства. Нивната интелигенција ја истакнуваат преку нудењето на несебична помош и разбирање.
7. Интраперсонална интелигенција
Спротивно на претохдниот тип, овие луѓе се сконцентрирани на личните потреби, затоа што сакаат да работат на својата личност. Свесни се за своите желби и потребни, способни се да си зададат јасни цели и трезвено размислуваат за своите искуства. Свртени се кон иднината и преферираат активности кои може да ги изведуваат сами.
8. Натуралистичка интелигенција
Застапена е кај личностите кои ја сакаат природата и околината во која живеат, имаат добро памтење за просторот и местото на кое се наоѓаат, сакаат животни и растенија и лесно ги препознаваат сите видови. Лесно и брзо се снаоѓаат во новонастанатите ситуации и повеќе ја сакаат природата отколку луѓето со кои се опкружени.
9. Духовна интелигенција
Оваа интелигенција ја вклучува чувствителноста и капацитетот на луѓето кои се занимаваат со сериозни и длабоки прашања за човечката егзистенција. Тие сакаат да го проучат значењето на животот, кои сме, како сме настанале и зошто еден ден сите умираме.
Каква е вашата интелигенција?