Постојат 9 видови интелигенција: Која од нив е вашиот адут?

Кога еден човек се смета за интелигентен, не се дефинира исклучиво по IQ бројот. Тој број не е доволен за да се успее во животот.

postojat-9-vidvoi-inteligencija-koja-od-niv-e-vasiot-adut-01.jpg

Интелигенцијата е способност за снаоѓање во новонастанатите ситуации, па како таква се дели на 9 видови.

Во кој од нив ќе се пронајдете?

1. Лингвистична или вербална интелигенција

Лингвистичката интелигенција е посебно изразена кај личностите кои максимално се вложуваат во читањето, пишувањето и зборувањето. Таа исто така се препознава кај лицата кои знаат да си поиграат со зборовите, знаат повеќе странски јазици, добри раскажувачи се, а надарени се и за креативно пишување. Тие ги обожаваат стриповите, книгите и весниците и главно сакаат да работат работа која е поврзана со јавни говори.


2. Музичка интелигенција

Личностите кои имаат развиена музичка интелигенција, освен што сакаат и уживаат во нотите, подобро го разбираат ритамот, мелодијата и звучните мотиви. Во суштина, тие најлесно ги памтат мелодиите и можат да ја препознаат разликата помеѓу инструментите кои свират во исто време. Често се во првите редови на важните концерти.


3. Логичко - математичка интелигенција

Оваа интелигенција вклучува лесно познавање и примена на бројките и математичките поими, а најизразена е и најпрепознатлива кај лицата кои добро се снаоѓаат во решавање на загатки, пресметување на памет и брзо учење на компјутерските програми и јазици. Тоа што ги поврзува сите овие активности е развиената логика, која е водечка карактеристика на лицата со ваков тип на интелигенција.


4. Просторна интелигенција

Она што е својствено за оваа интелигенција е сликовитото учење, размислување и памтење. Личностите кои ја имаат оваа интелигенција подобро памтат лица, отколку имиња, сакаат да ги скицираат своите идеи, уживаат да составуваат и расклопуваат предмети, го забележуваат стилот на облекување... Некои луѓе оваа интелигенција ја искажуваат преку фотографирањето, филмот и дизајнот, додека други преку архитектурата и моделирањето.

Останатите 5 вида интелигенција се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
8 знаци дека сте личност со висока емоционална интелигенција Лесно работите во тим и генерално сте мотивирана личност – Помалку очигледни зна...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Низ илустрации: Луѓе кои ни ја разбиваат монотоноста во животот (и сите сме ги сретнале) Луѓе кои лажат и мислат дека им веруваме, но и луѓе кои „паѓаат“ на сите пирамид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg