10 прекрасни жени кои се родени како мажи
Сигурно не сте ни свесни колку многу од прекрасните девојки кои ги гледате на насловните страници, всушност се родени како мажи. Тие изгледаат одлично, имаат нежни женствени црти на лицето, мазни затегнати тела и женски облини.
Некои од нив изгледаат и многу подобро од некои кои се родени како девојки и кои се дел од модниот свет.
Транссексуалците ги надминуваат границите на дозволеното, се бунтуваат против правилата и се борат да покажат како се чувствуваат.
Ова се 10-те најубави жени кои биле родени како мажи:
1. Андреј Пејиќ (Србија)
Учествува и на машки и на женски модни ревии. Првпат се појави во јануари 2011 година во Париз за женската ревија на Жан Пол Готјер и за машката ревија на Марк Џејкобс.
2. Роберта Клоус (Бразил)
Таа е првиот трассексуален модел кој се појавил на бразилското издание на „Плејбој“.Операцијата ја направила во 1989 година, а подоцна позирала гола за машкото списание „Sexy“, по што е прогласена за најубава жена во Бразил.
3. Клаудија Чериез (САД)
Многу е тешко да се поверува дека Клаудија е транссексуален модел роден како маж и претворен во жена. Нејзината транссексуалност не ја спречило да учествува на интернационални модни избори, на кои иако била отфрлена, во истата 2008 година успеала да победи на Изборот за транссексуален модел, организиран од Тјара Бенкс.
4. Леа Т. (Бразил)
Родена е како Леандро Черезо во 1981 година, но тоа не ја спречи во тоа да стане најпопуларен модел. Дури е прогласена и за муза на дизајнерската куќа Живанши.
5. Исис Кинг (САД)
Родена како Дарел Волс во 1985 година е првиот американски модел кој се појавил на „America`s Next Top Model“.
Уште 5 трансродни модели на следната страница...