Секси или не? Што мислат жените за вашите мустаќи?
Некои велат дека се секси, а други пак се согласуваат дека има разлика од маж до маж. Но, сепак за да дознаете што навистина мислат жените за мустаќите погледнете ги нивните интересни одговори.
Месецот на машкото здравје, Мовембер, веќе одамна започна, а со тоа се зголеми и бројот на мажи со мустаќи.
Па, да видиме што мислат жените од различна возраст за мустаќите:
„Не благодарам”, вели Кате, 33 години.
„Со оглед на фактот дека е Мовембри, секако дека го оправдувам пуштањето на мустаќи, но не и на брада. Сепак не се сложувам дека изгледаат секси, барем не на секого. Не ги сакам, бидејќи го убиваат бакнувањето. Со мустаќи, мажите изгледаат како чудни чичковци“.
„Да, изгледаат премногу секси”, вели Ана, 29 години.
„Ги обожавам момците со одличен моден вкус во комбинација со совршени мустаќи. Мислам дека овие момци се секси и дефинитивно „паѓам” на таков изглед.”
„Зависи од момчето и мустаќот”, вели Сара, 30 години.
Постојат лица на кои едноставно не им одговараат мустаќи и оние на кои совршено им прилегаат.
„Преферирам мазно лице”, вели Теа, 36 години.
Мустаќите се добри сѐ додека тие се единствената работа на неговото лице и сѐ додека добро се грижи за нив.
„Зависи од мажот”, вели Александра, 24 години.
Зависи од тоа колку момчето сериозно си ја сфатило работата и грижата околу мустаќите. Тоа е нешто како супермоќ: Со одлични мустаќи, доаѓа и супер одговорност.
Што мислите вие за мажите со мустаќи? Пишете ни во коментарите!