Како да добиете на време кога „немате време”?
Отчукувањето на часовникот започнува да ви отчукува гласно во ушите, срцето ви работи забрзано. Не, не се работи за љубов, вас ве фаќа паника поради тоа што немате време.
Еден од животните проблеми на секој човек. Веднаш преземете иницијатива и не дозволувајте времето да ве гази и притиска, победете го вие со помош на овие 3 методи.
Дајте си одмор
Без разлика колку и да се брзате за на состанок, испит или на работа, кога ве фаќа паника дека можеби ќе задоцните, дајте му одмор на мозокот, седнете и смирете се. Во главата веднаш ќе се формира самостоен концепт кој ќе ви помогне побрзо и без стрес да ги завршите обврските на време.
Наместете го часовникот неколку минути назад
Стар метод за добивање на време кога немате време, но сепак функционален. Наместете го часоникот неколку минути назад, најмногу 10, не претерувајте. Така секогаш ќе имате и вишок време од потребното во кое ќе може да здивнете од обврските барем за кратко. Освен што нема да задоцнувате, ќе пристигнувате секаде и порано од предвиденото.
Опуштете се
Доколку не сте ги примениле овие два методи претходно, сигурно ќе задоцните и ќе се чувствувате како да се натпреварувате со времето. Отстранете го тој товар од вашата глава и опуштете се. Веќе доцните, дали ќе задоцните 5 минути повеќе нема да направи некоја значителна промена.
Ставете си кармин или наместете си ја вратоврската и доцнете со стил!