Што сè можете да направите со само неколку чепкалки за заби?

На прв поглед делуваат како некорисни предмети кои имаат само една единствена намена, по која одат во кантата за ѓубре.

sto-se-mozete-da-napravite-so-samo-nekolku-cepkalki-01.jpg

Но, по овие совети ќе бидете вечно благодарни што во домот ги имате малите чепкалки:

1. За супата да не претече

Ставете неколку чепкалки помеѓу капакот и тенџерето за пареата полесно да излегува, па супата ќе остане во тенџерето наместо да се прелее.

2. За побрзо печење на компирите

Кога го подготвувате компирот во рерна или микро печка, направете му ноџиња од 4 чепкалки и испечете го така поткренат од тавата. Резултатот ќе ве изненади.

3. Исчистете го телефонот

Кога прашината ќе се насобере, искористете ја чепкалката потопена во алкохол за целосна дезинфекција на тесните места.

sto-se-mozete-da-napravite-so-samo-nekolku-cepkalki-02.jpg

4. Обележете го почетокот на селотејпот

За да не губите време пронаоѓајќи го почетокот, залепете чепкалка на селотејпот кога ќе завршите со негово користење.

5. Исправете ја свитканата домашна билка

Ако цвеќето кое го чувате дома се искриви, прицврстете го стеблото за мала чепкалка и зацврстете ја со помош на леплива трака.

6. Поправете ги малите пукнатини во дрвото

Ако случајно заковавте шајка на погрешен дел од дрвото, не се нервирајте. Дупчињата пополнете ги со чепкалки, зацврстете со течен лепак и обојте го дрвото. Вишокот секогаш можете да го исечете.

Би можело да ве интересира:

Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
7 погрешни потези поради кои изгледате како неуредна и некултурна личност Тропате со лажицата по филџанот кога ставате шеќер во чајот и носите хулахопки с...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg