Имате проблем со несоница? Овие трикови ќе ви помогнат...

Ако имате проблем со несоница не се грижете, бидејќи не сте единствени.

imate-problem-so-nesonica-ovie-trikovi-kje-vi-pomognat1

Луѓето често се преокупираат мислејќи на обврските кои не ги завршиле, работата која ги чека наредниот ден и ноќта ја поминуваат грижејќи се како сето тоа ќе го постигнат.

Стручњаците уверуваат дека за победа на несоницата овие трикови ќе ви бидат од голема помош.

Па, така, доколку сте „ноќни птици” пробајте го следново:

1. Станете од кревет

Направете нешто што ве смирува и релаксира, во целосна тишина. Не можете да се натерате себеси да заспиете, а ако останете будни во кревет, тогаш на телото му сигнализирате дека не е време за спиење. Читајте книга или списание додека да се успиете, а кога ќе почувствувате дека ве фаќа сон, тогаш легнете си.


2. Не размислувајте за претходната ноќ

Ако неколку денови ви се случува да не можете да заспиете, немојте да размислувате на тоа како ќе успеете да се одморите. Едноставно обидете се да се опуштите и кажувајте си дека ќе се наспиете утревечер, ако не успеете денес.


3. Кога ќе легнете не гледајте на часовник

Со самиот поглед кон часовникот се потсетувате дека треба да се одморите и наспиете, а веќе следниот момент сте нервозни бидејќи не сте успеале. Кога ќе си легнете не погледнувајте во часовникот, бидејќи времето дополнително ќе ве нервира и ќе го одложи вашиот сон.


4. Пишувајте белешки

Ако не можете да престанете да размислувате за утрешниот состанок или обврските кои ги имате, најдобро е да седнете, да ја вклучите ламбата и да ги запишете своите мисли. Откога сѐ ќе запишете, ќе потонете во длабок сон.

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg