Кулата на победата

Ова е една метафорична приказна која ќе ве научи како да останете упорни и како да ги остварите вашите соништа без помош на другите луѓе со џокерите кои секогаш ги држите во ракав.

kulata-na-pobedata-01.jpg

Кулата од карти е вашиот живот, а вие ќе одлучите дали истата ќе биде кула на победата или кула на загубени соништа која лесно ќе се распадне.

Животот е една кула од карти која доколку сме невнимателни можеме да ја срушиме во секунда.

Потребни се години за таа да се изгради, а доволно е едно невнимавање и пуф... се распадна!

Истото се случува со довербата. Таа е еден од важните атрибути, ако не и најважниот алат со кој човекот треба да го гради својот живот, својата кула, за таа да има цврст темел.

Довербата дава стабилност. Доколку се потпрeте на неа во животот, никогаш нема да паднете. Можеби малку ќе се занишате, но таа секогаш ќе биде тука да ве поткрене и да ве потсети дека тој што ве турнал не ве заслужува.

Доколку довербата е темелот на кулата наречена живот, картите наречени луѓе со кои ја градиме треба да бидат уште постабилни.

Правилните луѓе се тие што ќе ви помогнат да ја изградите кулата на победата.

Но, што би правеле кога тие луѓе не постојат? Или едноставно не сакат да ви помогнат да ја изградите? Можеби нивната замисла за кула на победата е тотално различна од вашата и тие заминуваат по својот пат барајќи луѓе кои ќе им помогнат да ја изградат нивната замислена кула.

Тогаш вие останувате сами.

kulata-na-pobedata-2.jpg

Во ваква ситуација не очајувајте и не се откажувајте веднаш од вашата кула.

Посебно доколку постојано размислувате за неа и ја визуелизирате пред своите очи.

Доколку сте стигнале до овој степен немојте никако, ама никако да се откажете од неа. Кога можете да ја замислите можете и да ја изградите.

Некој рекол, не се откажувај од тоа што не може да помине ден, а да не помислиш на него.

Карти... се запрашувате, од каде ќе најдете карти кога веќе луѓето ги нема?!

Надежта, добрината, искреноста, вербата, храброста и упорноста се џокерите кои треба да ги извадите од ракав и да почнете со градење. Тие се далеку подобар материјал за градење отколку човечката душа која е неквалитетен материјал.

Доколку ги имате џокерите полека, но сигурно вашата кула ќе се издигне над сите кули во светот.

А тогаш? Тогаш може слободно да се искачите на врвот на кулата на победата.

Ќе се уверите дека за неа сте се измачиле многу, но погледот од врвот ќе биде незаменлив!

kulata-na-pobedata-3.jpg

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg