12 едноставни трикови со кои ќе ја средите куќата за неколку минути

Ако случајно ви се најавиле неочекувани гости или едвај се убедувате дека треба да ја средите куќата од помислата колку време ќе ви биде потребно, постојат неколку едноставни начини за тоа како да го средите целиот простор за неколку минути. А без да правите генерално чистење.

12-ednostavni-trikovi-so-koi-ke-ja-sredite-kukjata-za-nekolku-minuti-01

1. Избришете го телевизорот, тоалетот и масата

Ако имате само една минута за да исчистите, избришете ја прашината и нечистотијата  за овие три површини и автоматски сè ќе изгледа поинаку. Ако имате уште време, испрскајте ја површината во кујната и бањата со средството за дезинфекција кои убаво мирисаат.

2. Почнете со ред

Започнете со чистење на оние места на кои вашите гости прво наидуваат, како ходникот, а потоа продолжете кон дневната соба. Исчистете ја прашината и средете го нередот, доколку ви остане време, поминете и со правосмукалка.

3. Средете ја бањата

Измијте ја ве-це школката, сместете сè во фиоките и на полиците, наместете ја завесата правилно пред тушот. За оние со повеќе време, земете хартиен убрус и пребришете ги огледалата, славините, мијалникот и ве-це даската.

4. Расчистете го нередот

Средете ги полиците, а остатокот од хаосот соберете го во фиоките и кутиите. Ако имате дополнителни кутии сместете ги работите редоследно според собите во кои припаѓаат, наместо да ги мешате сите на едно место. Потоа ќе ви биде полесно.

12-ednostavni-trikovi-so-koi-ke-ja-sredite-kukjata-za-nekolku-minuti-2.jpg

5. Променете ја постелнината

Заменете ја постелнината и пешкирите, а ако имате време испеглајте ги.

6. Oтстранете ги влакната од миленичето

Ако имате милениче кое се митари насекаде, само свртете ги перниците на троседот од другата страна, а ако можете префрлете и некоја прекривка. Исто така, може да ги соберете влакната со помош на правосмукалка, ролер за чистење облека и гумени ракавици.

7. Измијте ги садовите

Ставете ги валканите садови во рерна или во машина за миење садови. Просторот ќе изгледа поубаво ако лавабото ви е празно.

8. Намирисајте ја собата

Испрскајте го просторот со мирислив спреј или ставете освежувач во струја кој константно ќе го освежува просторот. Дури може и сами да си направите освежувач: Во мала чинија со вода ставете цимет, лимон, мускантно оревче, ѓумбир и каранфилче.

12-ednostavni-trikovi-so-koi-ke-ja-sredite-kukjata-za-nekolku-minuti-3.jpg

9. Запалете ламби

Ако е ден тргнете ги завесите за просторот да изгледа почисто и посветло. Ако е ноќ, запалете мали ламби наместо големо светло од лустерот. Така ќе изгледа попријатно, а и прашината ќе ја скриете. Ако немате ламби, истото може да о направите и со свеќи.

10. Избришете ги прозорите

Испрскајте ги прозорите и пребришете ги со весник, а ако немате средство за чистење истата функција може да ви ја заврши и оцетот.

11. Декорирајте го просторот со светкави ситници

Ставете нешто светкаво во собата кое ќе ја рефлектира светлината, како ваза или огледало. Така на гостите ќе им го одвлечете вниманието од деловите на кои не сте успеале да исчистите.

12. Трик: Оставете ја правосмукалката на сред соба

Кога ќе стигнат гостите, само оставете ја правосмукалката на сред соба и кажете дека штотуку ве фатиле на сред чистење. Така ќе ви биде простено ако ви останал нередот во куќата.

12-ednostavni-trikovi-so-koi-ke-ja-sredite-kukjata-za-nekolku-minuti-1.jpg

Би можело да ве интересира:

12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg