Функции на регенераторот за коса кои со сигурност не сте ги знаеле

Нема потреба да го фрлате регенераторот кој не одговара на вашиот тип на коса, бидејќи постојат уште многу намени за кои можете да го искористите.

funkcii-na-regeneratorot-za-kosa-koi-so-sigurnost-ne-ste-gi-znaele-01

Одлично е тоа што постојат продукти кои покрај нивната примарна функција тие се дизајнирани и за многу повеќе.

Погледнете за што се можете да го користите вашиот регенератор за коса:

1. Перење на вашата свилена облека

Една кафена лажичка од било кој регенератор за коса заедно со топлата вода се одличен детергент за вашата свилена гардероба. Оставете ја облеката да постои во топлата вода неколку минути, потоа исцедете ја и оставете ја да се исуши.

2. Замена за омекнувач

Ако сакате да заштедите или во моментот немате омекнувач за облека, тогаш ставете регенератор за коса. Не само што регенераторот е далеку поевтин од омекнувачот, туку тој спореден со регуларниот омекнувач мириса подобро и е погуст.

3. Омекнувач за четки

Не само што регенераторот ја прави вашата коса помека, туку тој може да ги омекне и вашите тврди четки за шминка или бојадисување. Мијте ги четките на истиот начин како до сега, само овој пат додајте малку од регенераторот за коса. Исплакнете ги убаво и ќе добиете меки четки.

4. Заштита на кожни предмети

Збогувајте се со прескапите продукти кои ги купувате за заштита на кожниот мебел, кожната облека и останатите предмети во вашиот дом. Употребете го вашиот регенератор за чистење на кожните предмети и тој ќе им даде сјај и ќе ги заштити од природните појави како дожд, снег, ветер...

Внимавајте колкаво количество од регенераторот нанесувате на вашите кожни чевли за да не ви останат дамки.

5. Замена на пена за бричење

Ако немате пена за бричење, а се брзате да излезете, тогаш употребете го вашиот регенератор за коса. Тој ќе ви пружи мекост и вашата кожа ќе има убав мирис.

6. За кадрава коса

Ако до сега го употребувавте регенераторот на тој начин што го измивавте, следниот пат нанесете малку на прстите и обликувајте ја косата и донесете ги во ред кадриците без измивање.

7. Заглавен прстен

Ако не можете да извадите прстен од вашиот прст употребете регенератор. Мачкајте го прстот и вадењето на заглавениот прстен ќе ви биде полесно.

8. Подмачкување

Ужасно ве нервира вратата која со денови чкрипи? Ставете една лажичка регенератор на крпа и подмачкајте ја.

9. Фластер

Ако не го сакате методот „земи воздух и на брзина отстрани го фластерот”, тогаш на кожата нанесете регенератор за коса и тријте го околу фластерот. На тој начин фластерот полесно ќе го отстраните.

10. Отстранување на шминка

Ако вашата омилена блуза или панталони имаат дамка од шминка, измијте ги со помош на регенераторот. Тој делува брзо и ефикасно врз отстранување на шминката од вашата облека.

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg