Супер трик со кој исчезнуваат трагите од дезодорансот
Веројатно ви се случило пред излегување кога ќе се погледнете уште еднаш во огледалото да забележите дека на омилената маичка имате бела дамка од дезодорансот.
Доколку ви се случи тоа, не се разочарувајте веднаш и не се пресоблекувајте, бидејќи постои супер ефикасно решение за отстранување на незгодната дамка.
Сè што ви е потребно е еден пар тенки хулахопки кои ионака планиравте да ги фрлите. Од нив направете топче кое ќе го користите како сунѓерче. Тријте на проблематичното место и доколку дамката не е тврдокорна, би требало брзо да исчезне.
За старите тврдокорни дамки ќе ви треба подолго време, но и тие се отстрануваат.
Доколку немате моментално хулахопки, може да се послужите со влажни марамчиња. Но, немојте да ги пеглате бидејќи може да направите поголема дамка.
Дамките на подебел материјал од памукот може да се отстранат само со подолго триење.
Претходно проверете дали некој од материјалите испушта боја, за да не си направите поголема штета.