Интересни работи кои жените можат да ги научат од мажите

Иако мажите и жените се два испреплетени различни светови, сепак постојат работи кои навистина би помогнале на едните кога би ги презеле од другите.

interesni-raboti-koi-zenite-mozat-da-gi-naucat-od-mazite-01

Начинот на размислување, однесувањето и воопшто начинот на живот се оние работи кои жените не можат да ги сфатат кај мажите. 

Но, овие работи претставуваат голема предност во животот на жените, доколку би ги научиле од мажите.

Погледнете кои се тие и помислете дека животот би ви бил поедноставен:

1. Изјаснување во разговор

Кога станува збор за пријателството, жените може да научат милион работи од мажите. Жените свесно ги кријат фрустрациите кога нешто им пречи кај своите пријателки, а мажите секогаш се изјаснуваат и никогаш не премолчуваат. Оваа одлика жените ја преземаат токму од нив и им помага да бидат искрени личности. 

2. Перспектива

Жените се преокупирани со разгледувањето на деталите во која било работа, додека пак, мажите имаат птичја перспектива без разлика за што станува збор. Нив не ги интересираат деталите, туку целосниот поглед на големата слика и прегледот на работите. 

3. Озборување

Точно е дека и мажите озборуваат, но тоа често е само неколкуминутно коментирање кон одредена личност, додека пак жените можат со часови да се задржат во озборување кое само им ја одзема енергијата. Заборавете на празното коментирање и зборувајте за вистински вредни работи. 

4. Пријателство 

Мажите во секој момент имаат пријатели кои цврсто ќе застанат зад нив, но дали тоа би го направиле вашите пријателки? Не секогаш, женското друштво е повеќе комплицирано и често работите не се розови како што однадвор изгледаат. 

5. Фокус

Мажите се фокусираат исклучиво на себе. Да, постојат и жени кои тоа го прават, но за жал тие се ретки. Обично жените се тие кои од мигот кога ќе добијат семејство престануваат да се грижат за себе. Секако дека семејството има предност, но никогаш не смеете да престанете да ги остварувате своите животни цели. 

Разликата помеѓу мажите и жените е токму она што ја прави врската или бракот да биде сама по себе уникатна и интересна. Колку што и мажите учат од жените и нивните постапки, толку и тие треба да нучат нешто од нив. 

Кои машки навики вие би ги презеле? 

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg