Начинот на кој жената ја држи чашата го открива нејзиниот карактер
Психологот д-р Глен Вилсон го набљудувал говорот на телото на околу 500 различни жени додека пиеле, па ги поделил во 7 различни групи според карактерот.
Д-р Вилсон објаснува дека ова истражување може да ги „открие“ сите, па затоа не пропуштајте да се откриете самите себеси.
Кокети
Оваа категорија ја сочинуваат во главно жени кои ја држат чашата шармантно, испреплетувајќи ги прстите околу неа. Често пати знаат да ги вртат прстите по работ на чашата, а ако забележат дека некој обожавател ги набљудува, ја започнуваат играта со заводлив поглед кон метата преку неа.
Трачарки
Обично се во мали групи со пријателките и непрестанато озборуваат, додека го испиваат омиленото кафе или коктел. Ќе ги препознаете така што пијалакот постојано го префрлаат од една во друга рака и немирно седат.
Забавни љубовници
Оваа група на жени во главно не држат чаши во рацете, туку цели шишиња пијалак. На опуштен начин отпиваат кратки и мали голтки, затоа што не сакаат да ја скратуваат комуникацијата. Сакаат да разговараат со луѓе, па затоа лесно е да се спријателите со нив. Потребна ви е само добра шега или издржана тема.
Срамежливи
Обично ги држат чашите заштитнички, без да ги испуштат на секунда. Нив прилично тешко е да ги забележите, затоа што чашите им служат како најдобро средство против осаменоста. Никогаш не ги пијат пијачките до крај.
Ледени кралици
Жените од оваа категорија имаат одбранбен став, така што цврсто ја држат чашата на средината. Имаат потреба да одбележат сè што е нивно, па неретко ќе сретнете траги од кармин. Не сакаат да бидат заведувани, па секое започнување на разговор со овие жени не води никаде.
Претерано замислени жени
Обично пијат пиво од шише или некој жесток пијалак во широка чаша. Тоа се личностите кои се сметаат над сите останати, па така и ја држат својата чаша - на необичен, нестандарден начин, а сите имаат впечаток дека во било кој момент може да ја испуштат. Вербално не комуницираат многу, но говорот на телото ја открива нивната доминација.
Напорни жени
Во оваа категорија спаѓаат сите агресивни и нападни жени. За да привлечат внимание обично држат големи чаши и шишиња, а гестикулациите им се повеќе од драматични. Секогаш се гласни, впечатливо го испиваат пијалакот и со нетрпение чекаат да им пријде нова жртва.
Во која категорија спаѓате вие?