Адреналинско уживање во бесконечниот базен сместен 57 ката над Сингапур (фото)
Marina Bay Sands хотелот во Сингапур ги отвори своите врати за сите посетители во 2010 година, кога конечно беше завршен овој проект вреден 5.7 милијарди долари.
Располага со огромни 2.561 соба, музеј, казино, повеќе ресторани и барови, мини шопинг центар и бесконечен базен, кој моментално е најголемата туристичка атракција.
Базенот кој сега за сега важи за најголем и највисок во светот, се наоѓа на 57от кат на хотелот и нуди извонреден поглед над Сингапур.
Оние кои го искусиле ова адреналинско и луксузно искуство, ќе ви кажат дека за момент ќе откриете како е да си на врвот на светот.
Еве како тоа би изгледало, ако и вие платите 400 долари од ноќ...