5 Работи за кои жалат луѓето пред умирање

Една медицинска сестра која одела во домашна посета на болните кои биле на смртна постела, научила многу за тоа како луѓето созреваат и се менуваат.

5-raboti-za-koi-zalat-lugjeto-pred-umiranje-01

Она што тие го искажувале кога се соочени со сопствената смрт покажувало колку им значи животот, што е најдоброто нешто кое им се случило, што би повториле и што е она за што жалат и би сакале да е поинаку.

Секој кажувал различни работи, но имало неколку кои биле заеднички за сите. Ова се топ 5 работите за кои сите жалат:

1. Посакувам да имав повеќе храброст да живеам како јас што сакам, а не како што очекуваа другите од мене.

Ова е едно од најчестите работи за кои жалат сите. Кога луѓето сфаќаат дека нивниот живот е речиси завршен и кога ќе погледнат наназад , сфаќаат колку соништа и желби им останале неостварени. Сфаќаат дека за повеќето желби имале избор да ги направат или не, но се воделе според она што другите им кажувале. Многу е важно да се потрудите да ги остварите вашите желби, бидејќи ќе знаете дека барем сте се обиделе.

2. Посакувам да не работев толку многу

Ова реченица најчесто ја слушала од мажите, кои премногу работеле за да заработат што повеќе, но при тоа пропуштиле поважни работи. Растењето на нивните деца, помошта на сопругата, пријателските односи и многу други работи кои сега сфаќаат дека биле поважни од работата. Жените пак, бидејќи биле од постара генерација, повеќето биле домаќинки и не биле вработени, но и тие ја потврдуваат истата мисла.

3. Посакувам да имав храброст да ги искажам моите чувства

Многу луѓе не ги искажуваат нивните чувства за да го зачуваат мирот и добриот однос со другите. Поради тоа многу работи што не ги искажале направиле да не можат да ги остварат нивните идеи и да го постигнат она што го посакуваат. Важно е да се искажат мислите и чувствата за да бидете разбрани од оние кои ви се важни.

4. Посакувам да останев во контакт со моите пријатели

Не сфаќале колку им значеле старите пријатели додека не останале без нив. Некои толку се оддалечиле што испуштиле важни пријателства кои долго им траеле. Многу жалеле и за тоа што дури и додека биле во контакт им посветувале многу малку време на своите пријатели. Кога се на смртна постела на сите најзначајно им е да имаат вистински и искрени пријатели околу себе.

5. Посакувам да си дозволев да бидам посреќен/а

Ова е изненадувачко нешто заедничко за сите. Многумина до крајот не сфатиле дека среќата е избор. Останале заглавени во старите навики и правила. Удобноста во веќе познатите работи и да бидат она што навикнале од претходно, не им давало да се обидат да направат нешто ново, што  можеби ќе ги направи посреќни. Стравот од промена правел и пред себе и пред другите да се претставуваат дека се задоволни со тоа што е. Додека длабоко во себе знаеле или посакувале да бидат посреќни.

Кога сте на смртна постела што мислат другите за вас е далеку од вашиот ум и грижа. Единствено што посакувате е да може уште еднаш од срце да се насмеете пред да умрете. 

Животот е избор. Твој живот, твој избор. Избирајте искрено, избирајте мудро, избирајте внимателно. Изберете среќа!

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg