Кога децата личат на возрасни
Децата знаат да бидат нежни, мили, слатки дури и кога личат на возрасни. Честопати тие ги имитираат возрасните во нивното зборување, но и во постапките.
Особено се интересни фотографиите на кои се претставени деца кои се облечени како возрасни или работат нешто што е професија за возрасни. Изгледаат неодоливо.
Кога ги прашуваме децата што сакаат да бидат кога ќе пораснат тие кажуваат најразлични желби и професии. Но, можете ли да ги замислите како ги работат истите и без да бидат пораснати.
Ви прикажуваме галерија од фотографии на кои децата се облечени во костуми, фустани, чевли... исти модели како за возрасни, но во смалена форма.
Тие можат да бидат и службени работници, писатели, адвокати, секретарки, учителки и сè што ќе посакаат. Признајте, изгледаат преслатко.