Необичните функции на телото

Необичните функции на телото од кои многу ја изгубија својата еволуциска смисла, сепак сè уште се тука. Откријте зошто се јавуваат пегите, ни игра окото или плачеме од кромид.

neobicni-funkcii-na-teloto-01
Научниците сè уште не знаат зошто плачеме додека се смееме, но сигурни се дека смеата и плачот се психолошка реакција на засилување на емоционалните возбудувања.

Иако плачот го поврзуваме со тага, солзите се покомплексен телесен механизам, а потекнуваат од различните емоции, од болка и тага до веселба. Тоа е само еден од начините на кои телото еволуирало, изјавил Роберт Провин, психолог од Универзитетот Мериленд.

Зошто плачеме додека сечкаме кромид?

Во текот на сечењето на кромидот пукаат неговите келии и излегуваат ензими кои произведуваат гас пропанетиал сулфоксид. Штом стигне до очите, реагира со слузницата и произведува блага сулфурна киселина.

Мозокот тогаш им сигнализира на очите дека солзните жлезди произведуваат повеќе солзи за да ги измијат гасовите и да ги заштитат очите. Колку поситно се сечка кромидот, толку повеќе произведува иритирачки гасови.

Совет за намалување или спречување на ваквата реакција е претходно кромидот да се чува во фрижидер пред неговото сечење, бидејќи при ниските температури, ензимите побавно се ослободуваат, а најголема концентрација на ензими се наоѓа на крајниот дела на кромидот, па добро би било ако се отсече прво тој дел.

neobicni-funkcii-na-teloto-1

Зошто ни крцкаат зглобовите?

Повеќето зглобови во човечкото тело се всушност подвижни коскени поврзувања. Во нив две коски се сместени заедно во една капсула, а во внатрешноста се наоѓа течност која ги подмачкува.

Кога ги протегнуваме зглобовите таа течност се собира, поради што доаѓа до ослободување гасови и воздух внатре и затоа се слуша крцкање.

По испуштањето на гасовите зглобот станува помалку флексибилен. Сепак, истиот зглоб не може да крцка неколку пати во исто време, бидејќи гасовите мора повторно да се соберат за да може да се испуштат и да се произведе звукот.

neobicni-funkcii-na-teloto-2

Од што ни игра окото?

Треперењето на капаците се нарекува миокимијам, а многу почесто се јавува на долниот отколку на горниот капак на окото.

Иако научниците не го знаат точниот причинител на треперењето, тоа се поврзува со стресот, напрегнувањето на окото, слаба исхрана, прекумерно количество алкохол и алергии

. Треперењето на капакот најчесто е бенигно, а како прва помош се наведува намеленото количество на кафе, цигари, алкохол и повеќе спиење.

neobicni-funkcii-na-teloto-3

Растат ли ушите цел живот?

Нивниот раст е најголем до десеттата година, тогаш се забавува и секоја година ушите се зголемуваат за 0,22 мм, покажала една студија на британскиот Кралски колеџ.

Расте и ушната `рскавица, а не само ресичката. Но големината на ушниот канал, сепак останува иста цел живот.

neobicni-funkcii-na-teloto-4

Никој не се раѓа со пеги

Пегите настануваат како последица од премногу пигмент во кожата, а децата кои се раѓаат со некои обични дамки, ниедно бебе нема пеги.

Тие настануваат дури по излегување на сонце, посебно кај бебињата со светла кожа и сини очи.

Иако пегите делуваат слатко, тие се всушност јасен знак за оштетување на кожата од сонце, па потребно е редовно да се мачкаат  со крем со заштитен фактор дури и во зима.

neobicni-funkcii-na-teloto-5

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg