Денес сме повисоки за 10 cm отколку пред 150 години
Верувале или не, современите европски мажи се неспоредливо повисоки од своите прадедовци кои живееле само пред 150 години.
Научниците откриле дека мажите во Европа за последните сто години пораснале за цели 10 сантиметри.
До овој заклучок дошле британските и австриските истражувачи проучувајќи стотици илјади здравствени картони на европејци од 15 земји од втората половина на 19 век па сè до денес.
Денешната просечна височина на дваесет и едногодишен европеец изнесува 179 cm, а според зборовите на стручњаците, до пораст во височина дошло поради промените во начинот на живеење, порастот на стандардот, подобрата исхрана, но и поради се подоброто образование.
За жал истражувачите не можеле да утврдат колку се променила висината на европејките бидејќи не успеале да најдат репрезентативен примерок на здравствени картони во кои биле забележани податоци за висината на нашите предци.