Креативни автопортрети на едно 14 годишно момче
Да се биде тинејџер од 14 години е веројатно време кога си слободен, среќен и сосема неоптоварен со проблеми.
Но, 14 годишниот Зев од Масачусетс ќе ви покаже дека на таа возраст може да се направи и нешто повеќе. Овој тинејџер веќе стана интернет сензација, благодарение на неговата фото серија наречена „Мало човече“, чија техника и идеја ја надминува неговата возраст.
Зев за себе вели дека е заљубен во фотографијата од негова 8 годишна возраст, а денес работи заедно со својата 17 годишна сестра Нели и камерата која ја нарекува Бетси.
Обично, тој изработува автопортрети на кои се прикажува како мало човече, меѓу џиновски предмети. Ова е метафора за ранливоста, конфузноста и несигурноста која е составен дел од животот на секој човек.
Погледнете ја неговата импресивна работа.