Зошто женските пријателства траат пократко?
Некои пријателства траат вечно, додека некои не успеваат да издржат. Општо, машките траат подолго од женските. Но, зошто?
Жените секогаш секојдневно повеќе се дружат и разговараат, отколку што тоа го прават мажите. Но, тоа не значи дека женските пријателства се посилни.
Многу истражувања покажуваат дека тие траат пократко од машките и тоа само заради 4 причини.
1. Озборување
Навика која е карактеристична за женската популација. Која и да тврди дека не ја озборувала својата пријателка позади грб – лаже. Понекогаш ни самите не знаеме зошто и кога го правиме тоа, па често како мета се наоѓа најблиската пријателка. А затоа што вистината секогаш се дознава, жените потешко простуваат од мажите.
2. Љубомора
Уште една типично женска карактеристика, која не е баш најпозитивна. Со оглед дека кај мажите љубомората се јавува најчесто врз база на успешноста, кај жените се јавува во секое можно поле. Заради тоа мажите можат да одржат пријателски однос со своите пријатели кои се поуспешни во нешто, а жените не. Тие секогаш се загрозени од некој кој знае повеќе или може повеќе.
3. Сè земаат при срце
Поголем дел од женската популација едноставно не знае да прифати критика, нити па шега на своја сметка, заради што често пати доаѓа до рапсравија, па дури и раскинување на пријателстово. Мажите се многу потолерантни во тој поглед.
4. Комплицираност
Жените по природа се комплицирани, а таа комплицираност често пати знае да оди на нерви. Тоа не значи дека го нема кај мажите, но сепак тоа е помалку екстремно. И додека кај мажите сè е црно-бело, кај жените постојат минимум 50 нијанси на сиво.