Софистицирана спална соба во Париски стил
Од сите соби во вашиот дом, спалната соба е совршено место за раскошна декорација и употреба на вашата креативност.
Спалната соба во Париски стил е нешто прекрасно, полно со светлина, раскош и елеганција. Доколку сте спремни за промена во вашата спална соба, следете ги овие 4 чекори.
Утврдете каков Париски стил сакате. И тука има варијации – може да го сакате удобниот, елегантен стил кој се карактеризира со минималистички украси и еднобојна целина, или пак гламурозниот модерен стил кој се карактеризира со многу украси, детали и дезени во неколку контрастни бои.
Користете бои исклучиво според стилот кој сте го одбрале за да го постигнете посакуваниот ефект. Светлите неутрални тонови помешани со белата и бебешко розовата се одличен избор за елеганција во вашата спална соба. Елегантни бели тапети со речиси незабележливи шари, свежо цвеќе во стаклени садови, многу книги и елегантни и по малку старински декорации. Модерните спални соби во стилот на Париз се одликуваат со сите нијанси на розовата боја, во комбинација со црно – бели детали.
Инвестирајте во квалитетен мебел. Факт е дека мебелот е оној кој го одредува стилот на спалната соба, така што доколку сте во можност инвестирајте во раскошен кревет без двоумење. Исто така може да испробате да го промените стариот мебел експериментирајќи – додадете тул на самиот кревет, во стилот на завеса која се протега од таванот, па се до земјата; старите столчиња претапацирајте ги со интересен материјал; на обичното огледало додадете му интересно изрезбана кружна рамка.
Завршете го декорирањето со уникатни детали. Слики, постери или пак колаж - хартија во форма на Ајфеловата кула, свежо цвеќе и свеќи, шарени тапети и дезенирани перници се само дел од изборот кој ви е на располагање. Со било која декорација од наведените, спалната соба ќе добие сосема поинаков шмек.
-->
-->
|