Вртење хулахоп за кралицата
И на 64 години незаменливата Грејс Џонс е вистински уметник на сцената. Нејзиниот ексцентричен стил им го отвори патот за луди трансформации...
...на пејачки како Мадона, Лејди Гага и Кејти Пери, но потребно е многу труд, љубов и енергија за некој да се натпреварува во иста категорија како Џонс.
На прославата на дијамантскиот јубилеј од владеењето на кралицата Елизабета Втора, Грејс звучеше и изгледаше еднакво квалитетно како и пред две децении, а со 4 минутното вртење хулахоп музата на Енди Ворхол покажа и дека младоста е прашање на духот.
А ако ги пропуштивте, еве ги и Robbie Williams за почеток...
и Paul McCartney за крај на големиот концерт.