Како да препознаеш кој ти е пријател?

kako-da-prepoznaes-koj-ti-e-prijatel-povekjeМногу едноставно: Пријателите никогаш не се далеку. И кога ќе отидете кај нив и нема да ги најдете дома, нема да ви биде жал за потрошеното време...


...затоа што сте го посветиле на својот пријател.

kako-da-prepoznaes-koj-ti-e-prijatel

За пријателите секогаш ќе имате време и секогаш ќе имате што да им кажете. Ништо од она што ви го кажува нема да ви биде безначајно. На пријателите не треба да им се правдате за нешто што сте направиле, затоа што тие имаат доверба во вас и ќе ве разберат.

Настојувај никогаш да не го повредиш пријателот или да не премолчиш нешто што би можело да му биде важно. 

Пријател е оној кој ти допушта да се менуваш, те променува и изненадува. На пријателите секогаш имаш што да им подариш. И никогаш нема да ја гледаат вредноста на подарокот. Со пријателот може да го поминеш целиот ден во молчење и низ молкот да препознаеш дека тој ти се посветил само тебе.

Пријател е оној кој ти е поважен од себе. Ноќта непроспиена заради него треба силно да те одмори.

Заради пријателот ќе се откажеш од патот кој си го наумил затоа што знаеш дека најдобриот пат е кога си со него.

Со пријателот заеднички се грижите за другите. Кога зборуваш за него, очите ти сјаат. Во пријателот никогаш не можеш да се разочараш затоа што твоето срце секогаш ќе го оправда. И кога ќе падне, не се двоумиш дали ќе најде сила да стане. Ти знаеш дека ќе успее.

Пријател е оној кој секогаш може да смета на тебе и обратно.

Пријател е оној кој веќе не можеш да го разликуваш од себе.

Пријател е оној кој во своето срце ја носи твојата песна и ја пее кога и сам ја забораваш нејзината мелодија.

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg