Временска прогноза во филџан кафе

vremenska-prognoza-vo-fildzan-kafe-povekjeДоколку сакате да знаете какво време ве очекува во текот на денот, а при тоа да не ја погледнете временската прогноза, можете да погледнете во филџан кафе.


За разлика од техниката која ја користат оние што ја „претскажуваат иднината“ гледајќи во филџан кафе, анализата овде го следи движењето на меурчињата на површината од кафето.

Почнете да го турате кафето во филџанот и додајте по желба, млеко и/или шеќер за да добиете што повеќе меурчиња и со тоа си го олесните набљудувањето.

Ако меурчињата бргу се „разбегаат“ кон рабовите на филџанот, тоа е добар знак. Ќе имате убаво време во наредните 12 часа. Доколку пак се задржат подолго на средината од филџанот, треба да сметате на краткотрајни врнежи.

vremenska-prognoza-vo-fildzan-kafe

Кога меурчињата се групираат на средината, подгответе си чадор бидејќи тоа е знак кој најавува дожд.

Оваа „метеоролошка прогноза“ често ја користат планинарите. Доколку немате или пак не пиете кафе истата постапка можете да ја изведете со било кој друг топол напиток, чај или какао.

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Најлошите работи околу стареењето (кои најверојатно никој не ви ги кажува) „Чувството како времето минува и има шанси да не успеете да отпатувате на местат...
Идеи што да правите кога надвор врне (за да не ги поминете деновите во досадување) Направете си домашен пикник со ќебиња и вкусна храна со партнерот или пријателит...
Предлози за новогодишни подароци од македонски мали бизниси Новогодишните и божиќните празници се секогаш убав момент за подарување. Идеите ...
7 работи со кои модерните жени се „опседнати“, но нашите баби ги игнорирале Совршен маникир и педикир, безброј активности за децата, „вечен“ младешки изглед...
8 фрази што ги кажуваме со најдобра намера, но се всушност навредливи „Кога ќе имате деца“, „Зошто не се венчате“… Постојат некои фрази и прашања што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg