Твитерашите ќе ви кажат: Што е #љубов?
Денес, понеделнички, Твитер тајмлајнот е во име на љубовта. Ние одбравме некои од најинтересните твитови, а сите може да ги следите под хаштагот #љубов.
Сигурни сме дека ќе изнудат насмевка на вашето лице!
Уживајте:
@ambaro_ #љубов е кога владата наместо за 2 денари ќе ги поскапи горивата за само 1.5 денар.
@VlatkoVasilj #Љубов e кога ќе ја изгубиш жена ти у бутик за женска облека, држејки и ја ташната во едната рака и фустаните што сака да ги проба у другата
@Goran_Man #Љубов е кога иако има добиено, пак да ти пружи задоволство. ;)
@TaleKocev #љубов е кога рамазено богато девојче и вели на другарка и : Тука немаше ваква панделка, бев до Солун за да си ја купам
@krojanbojan #љубов е кт глеам величенствениот ради принцезу Изабелу
@flekata #љубов е да ти прдне она и слатко да си се изнасмеете
@IrenaMila #Љубов е кога дедето на автобуска ќе ми рече- рака што дава не пресушува, полно си љубов дете.
@ArsovaM #љубов е кога ги носам неговите чорапи, милион броеви поголеми.
@Skraci #љубов е, кога ги полираш бисерите, од менгушите што ги има заборавено кај тебе.
@Krisanit1 #љубов е кога ќе простиш и по 491 пат
@andonov321 #Љубов е кога она вози ролери на кеј, а јас трчам по неа ко кутре, да симнам некое килце :)))
@andonov321 #Љубов е кога ќе ти даде да си каснеш од средината од палачинката :)
@TaleKocev #љубов е кога комшиката ќе ја заборави лозинката на wi - fi то па ти ќе и го хакнеш рутерот за да и помогнеш
@ElcheZelche #Љубов е кога ќе ти го даде последното лажиче еурокрем
@mnikolik #љубов е кога автомобилот не ти пали, а сеуште седиш во него.
@TaleKocev #љубов е кога газдарицата ти ја бара ќиријата за три месеци што не си ја платил, ама сепак не те брка пошто си студент
@vankoska #љубов е кога му смрдат чорапите а ти глумиш дека ти е затнат носот.
@mitev89 #љубов е кога идеш да го гледаш Металург,а неможеш да го смислеш Червар
@Najdenovski #љубов е кога је шеташ у парк, па и шеќерна волна ќе и купиш
@ce_ne #Љубов е коа и даваш да вози и покрај тоа што знаеш дека ќе ја слупа
@gdaskalova #љубов е кога дечкото седи дома, дури ти се пијанчиш по дискотеки.
@dArsovec #Љубов е кога и звониш од Вип на Т-мобиле за да не те мисли дур патуваш.
@voyoob2 #љубов е кога при таков проклето добар задник , ти ја држиш за рука
@MedoDimoski #љубов е кога сама си праќаш мечиња за св.Валентин
@MatrixOfHell #љубов е коа ќе бидеш искрен и ќе и кажеш дека килограмите, а не фустанот ја праат дебела
@alwaysLadYCrOfT Го видов во Банка.Се потресов како средношколка.Е тоа е #љубов
@vankoska #љубов е кога не му е срам да ти купи влошки (и појќе од #љубов е кога ги утнал и се вратил по други)
@Goran_Man #Љубов е кога ќе ти купи од убавиот сјај за садови ... за да не ти се сушат рацете.
@gemidjy #љубов е кога не го отварате чадорот на обилен дожд.
@patrakliski #љубов е коа у 16 00 викаш на директорот си отидов јас ... а он те гледа накриво (а си до 15 30) ...
@dolori7 #љубов е кога тој ја гледа Биљарката од Бушава Азбука и си замислува дека е нејзиниот Супермен
@simona_taseva #љубов е кога се возиме заедно и ги фалшираме омилените песни.
@MedoDimoski #љубов е кога пола од песните на Владо Јаневски се ваши
@MileKolev #Љубов кога после пијанка сабајлето те чека со чаша јогурт и не ти мрчи
@Suzi_Gavazova #љубов е кога ми обеќава турнеи, иако знам дека ме лаже !
@Goran_Man #Љубов е кога ќе и го дадам даљинското за да гледа некоја лимонада од серија, а #Заебанција е кога претходно ќе ги извадам батериите. ;)