Бизарни (и застрашувачки) ментални нарушувања и болести

Автофагија

Нарушувањето се однесува на потребата или желбата на една личност да се јаде самата себе.

Автофагијата не е призната како посебно нарушување, туку се групира со нарушувања кои се карактеризираат со самоповредување.

Истовремено, обично се смета за симптом на други нарушувања, како анксиозност или опсесивно компулсивно нарушување.

Генерално, нарушувањето е многу поекстремна верзија на потребата за грицкање нокти.

bizarni-i-zastrashuvachki-mentalni-narushuvanja-i-bolesti-05.jpg

Синдром на туѓа рака

Ова е необична појава поради која личноста губи контрола врз својата рака.

Односно, никако не може да ја контролира и раката може да се движи „своеволно“.

Синдромот бил забележан кај пациенти по операција на дел од мозокот, но и кај лица со тумори на мозокот, аневризма и дегенеративни мозочни болести.

bizarni-i-zastrashuvachki-mentalni-narushuvanja-i-bolesti-06.jpg

Еротоманија

Уште едно бизарно нарушување кај кое заоблената личност е убедена дека некоја личност е вљубена во неа.

Ова може да биде личност која пациентот никогаш не ја запознал, а неретко станува збор и за познати личности, како актери или политичари.

Луѓето со нарушувањето се толку убедени во своите верувања, што можат да почнат да мислат дека се во врска со другата личност.

Ова нарушување е мошне ретко и иако може да се јави самостојно, обилно е симптом на друг проблем, како шизофренија или биполарно нарушување.

bizarni-i-zastrashuvachki-mentalni-narushuvanja-i-bolesti-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...
Што значи буквата „М“ формирана од линиите на вашата дланка? Колкупати сте се запрашале што означуваат линиите на внатрешноста на нашите длан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg