Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива

Имал нов план и не чекал многу. Додека разговарале за неговата фиктивна фарма и замислената работа која наводно требало да ја извршува Едвард, Фиш споменал дека е во градот за да ја посети неговата внука и да присуствува на нејзината роденденска забава.

Тој ги убедил нејзините родители да дозволат да ја однесе на измислената роденденска забава на внука му. Оттогаш, тие никогаш повеќе не ја виделе својата ќерка.

Алберт Фиш ја однел Грејс во неговата куќа, истата онаа што имал намера да ја користи како комора за мачење на нејзиниот брат. Според писмото што подоцна Фиш ѝ го испратил на мајка ѝ Делија Бад, тој го убил девојчето, а потоа го изел нејзиното тело.

prikaznata-za-albert-fish-vampirot-koj-uzhival-vo-izmachuvanja-ubistva-pa-duri-i-kanibalizam-03.jpg

Убиството на Грејс Бад било убедливо најозлогласеното од злосторствата на Фиш. Но, со него се поврзани уште две убиства, кои се исто толку страшни.

Се верува дека тој е одговорен за убиството на 4-годишното момче по име Били Гафни. Били исчезнал додека си играл со соседот во Бруклин, на 11 февруари 1927 година.

Иако никој никогаш не успеал да ги најде остатоците на Били, луѓето можеле релативно брзо да го лоцираат телото на третата потврдена жртва на Фиш.

Во 1924 година, младо момче по име Френсис Мекдонел, исчезнало додека си играло со својот брат и пријателите. Неговото тело набргу потоа било пронајдено во шумата, задавено од сопствената облека.

Непосредно пред Алберт Фиш да биде убиен, признал дека тој е оној кој го намамил Френсис во шумата, а потоа го нападнал и го убил. Побегнал од местото бидејќи му се причинило дека некој доаѓа.

prikaznata-za-albert-fish-vampirot-koj-uzhival-vo-izmachuvanja-ubistva-pa-duri-i-kanibalizam-05.jpg

Судењето на Алберт Фиш започнало на 11 март 1935 година и сосема јасно се покажало дека е луд. Фиш признал дека неговите аудитивни халуцинации во форма на гласови му рекле да убива деца.

И покрај бројните психијатри вклучени во судскиот процес, поротата го прогласила Фиш доволно разумен за да биде осуден како виновен. Судењето траело 10 дена и завршило со пресуда според која Фиш бил погубен со струен удар, следната година.

Додека ја чекал својата судбина зад решетки во затвор во Њујорк, на Фиш му било дозволено да напише серија белешки во врска со неговите злосторства.

Пред неговото погубување, на 16 јануари 1936 година, адвокатот на Алберт Фиш, Џек Демпси, одбил да ги сподели белешките на неговиот клиент.

„Никогаш нема да покажам никому. Тоа беше најодвратното нешто што сум го прочитал“, рекол тој.

М. Ѓ | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg