Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива
Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако бил фатен, бил осуден на смртна казна, а неговите злосторства до денес ја вознемируваат јавноста.
Роден на 19 мај 1870 година во Вашингтон, во семејството на Рандал и Елен Фиш, Хамилтон Ховарт „Алберт“ Фиш имал многу имиња: Вампирот од Бруклин, Врколак од Вистерија, Сивиот човек… Станал познат во јавноста поради свирепите злосторства и убиства кои, предупредуваме, можат да ви бидат многу вознемирувачки.
Како дете, Фиш страдал од ментална болест, како и голем број членови на неговото семејство. Не само што неговиот брат бил во ментална институција, туку и на неговиот вујко му била дијагностицирана манија, додека неговата мајка често доживувала визуелни халуцинации.
Неговиот татко имал 75 години кога тој се родил, а починал кога Алберт имал само 5 години. Неговата мајка вдовица, немала финансии сама да се грижи за Алберт и останатите деца, па ги оставила во сиропиталиште.
Негувателите во сиропиталиштето редовно ги тепале децата, па дури и повремено ги охрабрувале да се повредуваат меѓусебно. Но, додека другите деца живееле во страв од болните казни, Фиш уживал во нив.
„Бев таму до скоро девет години и оттука почна сè. Бевме немилосрдно камшикувани.
Видов момчиња како прават многу работи кои не би требало да ги направат“, подоцна се присеќавал Алберт.
Така, тој почнал да ужива во болката и да ја поврзува со задоволство, кое подоцна станало и сексуално.
Состојбата на мајка му се подобрила во 1880-та и таа го зела дома, но штетата веќе била направена.
Фиш се самоповредувал бидејќи ова му причинувало задоволство, а кога во 1890-та, на 20-годишна возраст се преселил во Њујорк, почнал да повредува и други.
Почнал да се проституира и да малтретира млади момчиња, кои ги намамувал од нивните домови за да ги измачува и сексуално да ги малтретира.
Во 1898 година, Фиш се оженил со жена со која го запознала мајка му и со неа имал шест деца. Иако никогаш не ги злоупотребувал своите, Фиш продолжил да малтретира други деца.
Во 1910 година, Фиш го запознал Томас Кеден и започнале садо-мазо врска, иако не е познато колку Кеден всушност се согласил на тоа. Само 10 дена по нивниот прв состанок, Фиш го намамил Кеден да оди во напуштена фарма, под изговор да изврши некоја задача. Но, кога Кеден пристигнал бил заклучен внатре. Фиш го измачувал две недели.
До 1917 година тој имал тешкотии да ги прикрие симптомите на тешка ментална болест, поради што неговата сопруга го оставила за друг маж, а неговите самоповредувања потоа се зголемиле.
Пред да развие опсесија со канибализам, тој почнал да јаде сирово месо, а честопати ги терал и неговите деца да го јадат.
До 1919 година, неговата опсесија со тортура и канибализам го навела да размислува за убиства. Почнал да бара ранливи деца, како што се сирачиња со интелектуална попреченост или бездомници деца. Тој ги разгледувал огласите во локалните весници објавени од семејства кои бараат некој да ги извршува домашните работи, а токму на еден од тие огласи ја нашол младата Грејс Бад. Грејс не била првичната цел на Алберт Фиш, туку нејзиниот постар брат Едвард.
Едвард Бад барал работа на фарма или во село. Фиш првично планирал да го „вработи“ Едвард и да го донесе во селската куќа за да го измачува. Така, под лажно име Френк Хауард, Фиш го повикал семејството Бад во неговиот дом во Менхетн. Твој тврдел дека има работи на фармата што треба да се завршат, а исто така барал и помош околу домашните обврски.
Додека Едвард размислувал за неговата понуда, Фиш забележал млада девојка која стои зад нејзините родители: 10-годишната Грејс.