Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември
Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му го дадете на своето дете, ова се машките и женски имиња кои имаат моќно значење, а се совршени за децата родени во последниот месец од годината.
Ако сакате вашето дете да има интересно, традиционално или модерно име кое ќе биде поврзано со месецот на неговото раѓање, прочитајте кои се најчестите имиња кои родителите во Македонија, но и на Балканот, им ги даваат на синовите и ќерките родени во декември.
Машки имиња:
Кристијан
Ова е латинско име кое потекнува од зборот Christianus и означува христијанство, христијанин.
Доаѓа директно од името Христос.
Никола
Едно од најпопуларните машки имиња, Никола, најчесто им се дава на момчињата кои се родени во средината и крајот на декември и во периодот кога се слави Св. Никола.
Името е со латинско потекло (Nikolaus) и претставува кованица од два збора – nikе, што во превод значи победа и laos, што во превод значи народ.
Стефан
Името Стефан значи „круна, венец“, односно „крунисан“.
Ова име е длабоко поврзано со верата и со симболот на венецот.
Андреј
Ова име со грчко потекло означува некој кој е „храбар, способен, смел“.