Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември
Женски имиња:
Николина
Се верува дека Николина е изведено од машкото име Никола, а се преведува како „таа што носи победа“, или „победничка“.
Снежана
Името е асоцијација на зима и снег, а се верува дека децата што го носат ова име се силни и издржливи како зимата, но и нежни како снегулки.
Кристина/Христина
Имињата Кристина и Христина се од грчко и латинско потекло и се врзуваат за чинот на светото крштевање и за името на Исус Христос.
Овие имиња се толкуваат како „божја ќерка“, „безгрешна“, „таа што е крстена“, „онаа на која ѝ се простуваат гревовите“...
Андријана
Името Андријана има значење „онаа која е борбена и храбра“ или „онаа која е силна и способна“, „сериозна жена и голем пријател“.
А. Ј. | Црнобело