Кој навистина ја измисли Барби – Жената која сакаше девојчињата да имаат кукли со гради или „развратникот“ кој бил опседнат со пин-ап модели?
Освен што почнале да ја произведуваат Барби, „Мател“ одлучиле да го создадат и Кен, нејзиното момче кое го носи името по синот на Рут, Кенет. Освен тоа, на продажба биле ставени и голем број други додатоци за куклата.
Во 1970-та Рут добила рак на дојка, и имала мастектомија истата година, а вели дека кога се вратила на работа, луѓето ја гледале поинаку.
Здравствените проблеми направиле Рут да го загуби фокусот врз работата и се соочила со сериозни финансиски проблеми.
На почетокот на 70-тите години имало пишувања дека раководството на „Мател“ лажело дека компоанијата има огромна заработка, а всушност губеле милиони, по што Рут си дала оставка во 1973-та година.
По ова, во наредните години таа се соочила со тужба за затајување данок и во 1978-ма година Рут, заедно со уште неколку други извршни директори, била обвинета за заговор, измама и пишување лажни извештаи до надлежните органи.
Според New York Times, „Мател“ креирале лажни извештаи за да се зголеми цената на акциите. Рут ја признала вината по што добила парична казна од 57.000 долари и добила казна со општокорисна работа од 2.500 часови.
Рут почина во 2002-ра година по компликации од операција на дебелото црево.
Од друга страна, пак, по објавувањето на филмот ќерката на поранешниот потпретседател за истражување и дизајн Џек Рајан, Ен, тврди дека татко ѝ стои зад дизајнот на куклата, а не Рут.
Ен рече дека Рут почнала да го присвојува дизајнот дури по смртта на Џек во 1991-ва година, а татко ѝ ја креирал куклата инспириран од американската танчерска дружина Radio City Rockettes.
Наводно татко ѝ бил фасциниран од долгите нозе на танчерките, а редовно купувал списанија со илустрации од пин-ап девојки, кои го инспирирале да ја креира Барби.
Џек Рајан бил толку опседнат со својата креација што ги терал неговите сопруги и девојки да вежбаат, да се изгладнуваат и да прават пластични операции само за да личат на познатата кукла.
Живеел во замок каде што редовно одржувал забави со оргии, а се самоубил на 65-годишна возраст, откако изгубил сè поради начинот на живот.
Прочитајте повеќе: Развратниот живот на креаторот на Барби - сакал неговите девојки да личат на куклата, организирал оргии во неговиот замок
Б. С. Б. | Црнобело