Кој навистина ја измисли Барби – Жената која сакаше девојчињата да имаат кукли со гради или „развратникот“ кој бил опседнат со пин-ап модели?

Рут Хендлер и Џек Рајан се двете имиња што се спомнуваат како креатори на Барби. Од една страна, официјалните податоци се дека креаторка на Барби била Рут која куклата ја посветила на нејзината ќерка, а од друга е семејството на „развратникот“ кој сакал своите сопруги и девојки да ги претвори во „живи барбики“.

koj-navistina-ja-izmisli-barbi-zhenata-koja-sakashe-devojchinjata-da-imaat-kuli-so-gradi-ili-razvratnikot-koj-bil-opsednat-so-pin-ap-modeli-01.jpg

Светот го зафати „Барби треска“ по премиерата на филмот Barbie на режисерката Грета Гервиг, а позитивните критики и коментари изненадија многумина. Но, филмот од друга страна предизвика и реакции поврзани со самата историја на куклата и со тоа кој навистина ја создал.

Во филмот, како креаторка на популарната кукла се јавува Рут Хандлер, чијшто дух сѐ уште има свои канцеларии на 17-тиот кат од компанијата, а од друга страна ќерката на потпретседателот за дизајн Џек Рајан, Ен, тврди дека тој стои зад дизајнот на мега-популарната кукла.

koj-navistina-ja-izmisli-barbi-zhenata-koja-sakashe-devojchinjata-da-imaat-kuli-so-gradi-ili-razvratnikot-koj-bil-opsednat-so-pin-ap-modeli_09.jpg

Се чини дека филмот предизвика бројни дискусии и дебати за тоа кој ја измисли Барби и дали тоа навистина е Рут Хендлер, жената која куклата ѝ ја посвети на ќерката Барбара или, пак, Џек Рајан, човекот кој сакал неговите девојки и сопруги да бидат „живи барбики“.

Кои се луѓето за кои се верува дека се кратори на славната кукла?

Рут Хендлер била родена како Рут Моско во 1916-та година. Во 1938-ма се омажила за нејзиното момче од средно училиште Елиот Хендлер, со кого во заедничката гаража во Калифорнија почнале да произведуваат садови и часовници.

koj-navistina-ja-izmisli-barbi-zhenata-koja-sakashe-devojchinjata-da-imaat-kuli-so-gradi-ili-razvratnikot-koj-bil-opsednat-so-pin-ap-modeli_11.jpg

Во 1945-та година парот, заедно со Харолд Матсон, ќе ја формира компанијата за производство на играчки „Мател“ (Mattel). Иако името на Рут не било вклучено во името на компанијата (Мат од Матисон + Ел од Елиот) таа била нејзин прв претседател.

koj-navistina-ja-izmisli-barbi-zhenata-koja-sakashe-devojchinjata-da-imaat-kuli-so-gradi-ili-razvratnikot-koj-bil-opsednat-so-pin-ap-modeli_01.jpg

Првата инспирација за Барби Рут ја добила додека ја гледала ќерка ѝ како си игра со кукли и била фасцинирана да гледа како девојчињата се прикажувале самите себеси во својата возрасна верзија. Па, добила идеја да креира кукла со гради.

koj-navistina-ja-izmisli-barbi-zhenata-koja-sakashe-devojchinjata-da-imaat-kuli-so-gradi-ili-razvratnikot-koj-bil-opsednat-so-pin-ap-modeli_12.jpg

Сепак, луѓето од компанијата со години го одбивале нејзиниот предлог, сѐ до 1956-та година кога таа на патување во Швајцарија ја видела германската кукла Лили, која била наменета за возрасни, како подарок што на шега им се давал на мажите.

Рут и Барбара ја виделе куклата во излог во продавница и биле целосно изненадени од тоа што го гледаат.

koj-navistina-ja-izmisli-barbi-zhenata-koja-sakashe-devojchinjata-da-imaat-kuli-so-gradi-ili-razvratnikot-koj-bil-opsednat-so-pin-ap-modeli_20.jpg

Куклата Лили за првпат се појавила во стриповите на германскиот весник Bild Zeitung, каде што била претставена како самоуверена, досетлива секретарка што сака да флертува.

Но, со текот на времето Лили станала популарна и меѓу децата, па ја продавале со цел сет додатоци, како куќичка и мебел. Нејзината облека вклучувала формална облека, облека за тенис и традиционална германска носија.

koj-navistina-ja-izmisli-barbi-zhenata-koja-sakashe-devojchinjata-da-imaat-kuli-so-gradi-ili-razvratnikot-koj-bil-opsednat-so-pin-ap-modeli_22.jpg

Рут ја купила куклата и ја однела во компанијата „Мател“, по што нејзината идеја конечно била прифатена. Со одредени измени во изгледот, првата Барби кукла била пуштена во продажба во 1959-та година.

koj-navistina-ja-izmisli-barbi-zhenata-koja-sakashe-devojchinjata-da-imaat-kuli-so-gradi-ili-razvratnikot-koj-bil-opsednat-so-pin-ap-modeli_07.jpg

Но, наскоро „Мател“ ќе се соочи со тужба од основачите на куклата Лили, Greiner & Hausser, кои тврделе дека идејата за дизајнот е нивна, а „Мател“ само ја модфикувале.

Во 1964-та година „Мател“ ги откупи правата на Greiner & Hausser и успеа да го сопре производството на куклата Лили.

koj-navistina-ja-izmisli-barbi-zhenata-koja-sakashe-devojchinjata-da-imaat-kuli-so-gradi-ili-razvratnikot-koj-bil-opsednat-so-pin-ap-modeli_05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg