Морничаво: Лекари и медицински сестри кои свирепо ги убивале нивните пациенти
Мајкл Сванго
Кон крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите, Мајкл Сванго бил студент по медицина.
Овој период тој бил практикант низ неколку болници во САД каде што ги наоѓал своите жртви.
Мајкл ги убивал неговите пациенти така што ги предозирал со лекови, а отрул и неколку колеги со арсен.
Бил фатен во 1997-ма и моментално отслужува доживотна казна затвор.
Доналд Харви
Во 1980-тите, Доналд Харви работел како лекар во лондонска болница.
Токму овде, тој убил над 40 пациенти со отров. Дел од жртвите ги заразувал и со смртоносни вируси и бактерии.
Истовремено, Доналд ги отрул неговите соседи, како и негова поранешна љубовница.
Добил доживотна казна затвор, а во 2017-та бил убиен во затворот.
Ричард Анџело
Мотивот за злосторствата на Ричард е еден од најбизарните што сте ги слушнале.
Имено, во 1980-тите, тој бил медицински брат во болница во Њујорк. На тамошните пациенти им предизвикувал инфаркти, само за да ги спаси и да излезе херој.
Тој им давал лекови кои индуцираат застој на срцето, а од 34 пациенти кои незнајно ги добиле лековите, осум починале.
Во 1990-та, Ричард бил осуден на 50-годишна казна затвор.
Џенин Џонс
Се верува дека Џенин Џонс убила помеѓу 11 и 46 бебиња додека работела како медицинска сестра во Тексас.
Во 1970-тите и 1980-тите, Џенин на бебињата им инјектирала лекови кои предизвикувале застој на срцето.
Била уапсена и добила 99-годишна казна затвор.
Спирова С. | Црнобело